Контакт

Спорт

Јокиќ, Ембид и Јанис кандидати за наградата МВП

Објавено пред

НБА лигата ги објави имињата на оние кои влегуваат во најтесен круг за добивање на поединечните награди. За најзначајната награда, МВП на сезоната ќе се борат Никола Јокиќ (Денвер), Џоел Ембид (Филаделфија) и Јанис Адетокумбо (Милвоки).

Според последните прогнози, главен фаворит за оваа награда е актуелниот МВП, Никола Јокиќ. Во регуларниот дел од сезоната тој имаше просек од 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции. Србинот е првиот играч во историјата на лигата кој регуларниот дел од сезоната го заврши со најманку 2.000, 1.000 скока и 500 асистенции.

Најголем противник ќе му биде Камерунецот од Филаделфија, Џоел Ембид. Регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 30,6 поени, 11,6 скока и 5,8 асистенции.

За наградата тренер на сезоната ќе се борат предводниците на Финикс (Монти Вилијамс), Мајами (Ерик Сполстра) и Мемфис (Тејлор Џенкинс). Финикс сезоната ја завршија со најдобар скор во НБА лигата, 64 победи и 18 порази.

Руди Гибер (Јута), Маркус Смарт (Бостон) и Микел Бриџис (Финикс) се играчите кои конкурираат за наградата, дефанзивец на сезоната.

За најдобра резерва (шести играч), НБА лигата ги номинираше ветеранот Кевин Лав (Кливленд), Тајлер Хиро (Мајами) и Кем Џонсон (Финикс).

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Робертсон во Тотенхем, под услов клубот да избори опстанок

Објавено пред

Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон.

Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по девет години.

Тотенхем сакаа да го доведат 32-годишникот како долгорочно решение во зимскиот преоден рок, но „Црвените“ не сакаа да го пуштат.

Клубот од северен Лондон, има голема желба да потпише договор со капитенот на Шкотска, не е постигнат договор, но преговорите се во напредна фаза.

Многу зависи од тоа дали Тотенхем ќе остане во Премиер лигата.

Тие моментално се на 18-то место на табелата, во зоната за испаѓање, два бода зад Вест Хем.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс.

Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а „црвените ѓаволи“ играа со десетмина од 56-та минута, откако Лисандро Мартинез беше исклучен.

Судијата Пол Тирни одлучи да му покаже црвен картон, откако беше повикан од ВАр собата. Аргентинецот, беше во дуел со Доминик Калверт-Луин, неспортски реагираше кога го повлече за косата својот противник.

„Нема да зборувам за судиите, бидејќи ако зборувам за судиите ќе бидам во голема неволја. Правилата се различни за секого. Можете да го видите тоа во бројот на жолти картони, па затоа е подобро да не кажам ништо“, рече Карик.

Тој е разочаран од судењето.

„Мислам дека момците останаа позитивни и дадоа сè од себе во второто полувреме, по шокантната одлука да го исклучат Лич (Мартинез). Ова е втор натпревар по ред каде што имавме одлука што оди против нас, но ова беше еден од најлошите што сум ги видел“, додаде Карик.

Јунајтед продолжува со борбата за Лигата на шампионите, трет е со 55 бода, исто колку и четвртопласираната Астон Вила.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Објавено пред

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и водни спортови, откако Светската пливачка федерација ја укина забраната.

Одлуката беше објавена во понеделник и означува крај на ограничувањата воведени по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Овој потег означува понатамошно ублажување на мерките против спортистите од двете земји, на кои им е дозволено да се натпреваруваат исклучиво како неутрални натпреварувачи од септември 2023 година.

„Врз основа на одлуката на Бирото на Светската пливачка федерација, во консултација со Одделот за интегритет во водните спортови и Комисијата за спортисти, упатствата за учество за време на политички конфликти повеќе нема да важат за постари спортисти со руско и белоруско спортско државјанство“, се вели во соопштението.

Се додава дека во иднина, спортистите од Русија и Белорусија ќе можат да настапуваат рамноправно со другите, со употреба на национални симболи – дресови, знамиња и химни.

Сепак, постои услов: натпреварувачите ќе мора да поминат најмалку четири последователни антидопинг контроли за да бидат подобни за натпреварување.

Претседателот на Светската пливачка федерација, Хусеин Ал Мусалам, изјави дека целта е да се обезбеди базените и отворените води да останат места каде што спортистите од целиот свет можат да се натпреваруваат во мир.

Одлуката следува по претходниот потег на Меѓународниот параолимписки комитет, кој им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат под нивно знаме на Зимските параолимписки игри во 2026 година во Милано и Кортина.

Во меѓувреме, следното Светско првенство во пливање ќе се одржи во Будимпешта во 2027 година.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт16 секунди

Робертсон во Тотенхем, под услов клубот да избори опстанок

Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон. Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по...

Македонија9 минути

„Идниот премиер на Унгарија најавува длабоки реформи на медиумите кои беа под контрола на Орбан“, велат од СДСМ

„Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат....

Свет13 минути

Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори

Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран. „Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно...

Спорт16 минути

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс. Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а...

Свет17 минути

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава23 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт29 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет35 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет47 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...