Спорт
Јокиќ ги реши Клиперси, Њујорк без решение за Јанг и Богдановиќ

Никола Јокиќ го врати Денвер на шестата позиција во Западната конференција. Денвер славеше победа над ЛА Клиперс 127:115. Изминатата ноќ Атланта победи во Њујорк, Милвоки го декласира Чикаго, а Голден стејт разочара со поразот во Орландо.
Денвер до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за шестото место со Минесота. Сега имаат една победа повеќе од екипата од Минеаполис. Денвер убедливо го победи ЛА Клиперс со 127.115.
Никола Јокиќ го предводеше тимот со 30 поени, 14 скока, шест асистенции, три блокади и две украдени топки. Покрај Јокиќ и останатите играчи од првата петорка постигнаа двоцифрен број поени.
Храмот на кошарката во САД, Медисон сквер гарден во Њујорк го виде шоуто на Тре Јанг и Богдан Богдановиќ. Атланта славеше над Њујорк 117:111. Јанг на навредите од трибините одговори со 45 поени, Богдановиќ го следеше со 32.
Њујорк со овој пораз и теоретски останаа без шанси за пласман во плејофот.
Јанис Адетокумбо и Милвоки Бакс го декласираа Чикаго со 126:98. Булс играат лошо во финишот на регуларниот дел од сезоната, имаат девет порази на последните 12 натпревари, а против Милвоки добиле само еден од последните 16 натпревари.
Адетокумбо со 25 поени и 17 скока, односно Дру Холидеј со 27 поени го предводеа Милвоки, кај Булс Никола Вучевиќ уфрли 22 поени Зек Лавин и Демар Дерозан постигнаа по 21 поен.
Голден стејт без Стеф Кари, со грешките во последната четвртина им овозможија на играчите на Орландо да ја забележат 20.победа во сезоната. Орландо победија со 94:90. Извесно е дека Голден стејт ќе завршат на третото место на Западот. Во првото коло веројатно ќе играат против Денвер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РК Вардар потврди: Жилберто Дуарте ќе биде првиот Португалец во „Јане Сандански“

Нов играч на РК Вардар за следната сезона ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак, потврди клубот. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.
Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .
Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15. титула во домашното првенство.
Спорт
Интер има само уште една надеж за „скудетото“: Берарди е голем фан на „нероаѕурите“

Разврската во Серија А остана за последното коло. Актуелниот шампион Интер се надева дека лидерот Милан ќе загуби против Сасуоло, па со триумф на домашен терен против Сампдорија да го одбрани трофејот. Но, дали Сасуоло навистина може да го запре Милан кој нанижа неколку важни победи во завршницата од сезоната е големо прашање.
Медиумите во Италија веруваат дека „нероаѕурите“ сега можат да се потпрат само на еден човек. Тоа е Доменико Берарди, италијанскиот репрезентативец и одличен напаѓач кој поради добрите игри во дресот на Сасуоло се поврзуваше со трансфер во Интер или во Милан.
Тој го „смени“ Масимилијано Алегри од клупата на Милан во 2014 година, кога постигна четири гола во победата од 4-3, а во 2015 година постигна гол во победата на Сасуоло од 3-2 над Милан.
На 15 натпревари против „росонерите“, Берарди постигна 10 гола, што значи дека Милан е тимот против кој постигнал најмногу голови во Серија А. Никогаш не криел дека е голем навивач на Интер.
„Како дете уживав во игрите на „феноменот“ Роналдо, а на 15 години мој идол беше Диего Милито. Таа вечер во Мадрид кога Интер го победи Баерн Минхен и ја освои Лигата на шампионите, излегов со пријателите да славиме“, изјави Берарди пред неколку години.
Интер и Милан ги играат своите натпревари в недела од 18 часот. На Милан му е доволен и бод на гостувањето кај Сасуоло за да ја освои шампионската титула по 11 години.
Спорт
Борусија Дортмунд го смени тренерот
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд изненадувачки објави разделба со досегашниот тренер Марко Росе, кој заминува од клубот по завршувањето на сезоната во Бундеслигата.
„Борусија Дортмунд и тренерот Марко Росе ја завршуваат својата соработка. По интензивната анализа на сезоната, во која беа вклучени Росе, Ваке, Цорк, Кел и Замер, клубот одлучи да продолжи напред и му посака успех на Марко Росе во неговиот следен потфат“, се вели во соопштението на клубот.
Марко Росе помина само една сезона на кормилото на тимот откако пред една година пристигна од Борусија Менхенгладбах. Тој ги предводеше „милионерите“ до второто место во шампионатот, но имаше разочарувачки резултати во другите натпреварувања.
Борусија Дортмунд доживеа елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите и го продолжи учеството во Лигата на Европа, каде беше елиминиран во 1/16 – финалето од Глазгов Ренџерс. Во Купот на Германија, тимот беше елиминиран од второлигашот Сент Паули во осминафиналната фаза.
OFFICIAL: Borussia Dortmund have sacked manager Marco Rose ❌
Dortmund finished second in the Bundesliga, eight points behind champions Bayern Munich. pic.twitter.com/DQi5UA4Wwm
— GOAL (@goal) May 20, 2022