Спорт
Јокиќ и Дончиќ стартери на Западот
Познати се петорките за oлстар-натпреварот, кој ќе се одржи на 7 март во Атланта. Како стартери на oлстар-мечот ќе дебитираат Никола Јокиќ (Запад) и Бредли Бил (Исток).
Петорката на Западната конференција ја предводи Леброн Џејмс, а покрај него и Јокиќ, место во неа има и за Каваи Ленард, Лука Дончиќ и за Стеф Кари.
Капитен на Истокот е Кевин Дурент, а во петорката се најдоа и Јанис Адетокумбо, Бредли Бил, Џоел ЊЕмбид и Кајри Ирвинг.
Другите учесници ќе бидат избрани од капитените Џејмс и Дурент.
The Western Conference @NBAAllStar Starters Pool!@KingJames (Captain)@StephenCurry30@luka7doncic
Nikola Jokic
Kawhi Leonard#NBAAllStar pic.twitter.com/ojxfaZwHuj— NBA (@NBA) February 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Девин Букер повикан за Ол стар натпреварот

Играчот на Финикс Санс, Девин Букер, сепак ќе биде учесник на Ол-стар натпреварот. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, го повикал Букер како замена за повредениот Ентони Дејвис.
Букер, оваа сезона има просек од 24,7 поени, 4,3 асистенции и 3,8 скока по натпревар.
Ол стар натпреварот ќе се игра без публика, на 7.март во Атланта. Три дена претходни капитените на тимовите Леброн Џејмс и Кевин Дурент ќе ги изберат соиграчите.
Дејвис, натпреварот ќе го пропушти поради повреда на листот на десната нога. Неговиот тим, ЛА Лејкерс, објави дека тој ќе биде на листата на повредени уште еден месец.
Спорт
Гасперини: Не го бива за судија, нека најде друга работа

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по поразот на неговиот тим од Реал (0:1) рекол дека Аталанта мора да победи во реваншот доколку сака да се пласира во четврт-финалето. Аталанта против Реал од 17. минута играше со фудбалер помалку на теренот.
Гасперини не го криел разочарувањето од начиниот на кој судијата Штилер го водел натпреварот.
„Го уништи натпреварот. Можеби ќе бевме поразени од Реал, но добро ќе беше да ни дозволеа да играме. УЕФА ќе ме суспендира доколку кажам нешто, но…Не можеме да имаме судии кои никогаш не играле фудбал и кои не разликуваат дуел од фаул. Ако не ја знаеш разликата, тогаш оди и работи нешто друго. Подобро им е за судии да ангажираат луѓе кои играле фудбал. Добија апсолутно сè, олеснета им е работата, а тие грешат, дури и кога ги гледаат снимките. Толку долго чекаш еден ваков натпревар, а тогаш ќе дојде некој судија и ќе го упропасти. Не се жалам на резултатот, но барем можеа да нè остават да ја играме нашата игра“, рекол Гасперини.
Реваншот во Мадрид, Реал и Аталанта ќе го одиграат за 20 дена.
Спорт
Јута џез се најдобри во НБА-лигата

Јута џез го доби дербито против ЛА Лејкерс и се зацврсја на челната позиција во НБА-лигата. Тимот од Солт Лејк Сити ги деласира шампионите со 114:89.
Џезерите го решија дуелот благодарение на тимската игра и шутот за три поени. Играчите на Јута против Лејкерси погодија 22 тројки. Од друга страна, „езерџиите“ играат лошо без Ентони Дејвис, во серија се од четири порази, односно имаат само една победа на последните шест натпревари.
Џордан Кларксон и Руди Гобер постигнаа по 18 поени, францускиот центар имаше и девет скока. Уште четворица кошаркари на Јута постигнаа двоцифрен број поени: Бојан Богдановиќ (15, тројки 5/8), Мајкл Конли (14 поени, 8 скока, 8 асистенции), Донован Мичел (13 поени, 10 скока, 8 асистенции), Дерик Фејворс (12 поени, 7 скока).
Јута со 26 победи и шест порази ја држи првата позиција во НБА-лигата. Џезерите имаат 22 победи на последните 24 натпревари.
Лејкерси лошо шутираа на овој натпревар (40 отсто), а погодија само 24,2 отсто од шутевите за три поени.
Најефикасен кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 29 поени.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер