Контакт

Спорт

Јокиќ не може сам, Сан Антонио изборија мајсторка (Видео)

Објавено пред

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс и Денвер Нагетс ќе играат мајсторка за пласман во полу-финалето во Западната конференција. Изминатата ноќ, Спарс ги победија Нагетс 120:103 и го израмнија резултатот во серијата на 3-3. На Денвер не му помогна ниту брилијантната партија на Никола Јокиќ кој собори рекорд на франшизата стар 36 години.

Спарс и Нагетс одиграа уште еден интересен меч во оваа серија. Победникот беше решен во финишот на третата и почетокот на последната четвртина, кога тренерот на Денвер реши да го одмори својот најдобар играч Никола Јокиќ.

Неговото отсуство Спарс го искористија и создадоа предност од 18 поени која Нагетс не можеа потоа да ја достигнат,

Јокиќ натпреварот го заврши со 43 поени, 12 скока, 9 асистенции, 3 украдени топки и една блокада. Тој го собори рекордот на франшизата според бројот на постигнати поени во плејофот.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Алекс Инглиш од 1983 година, кога против Финикс Санс постигнал 42 поени. Рекордот на Инглиш го израмни во 2010 година, против Јута Џез, Кармело Ентони.

Србинот е четвртиот играч со ваква статистика во плејоф натпревар, покрај Чарлс Баркли, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Кај победниците се истакнаа Ламаркус Олдриџ со 26 поени, 10 скока и 5 асистенции, односно Демар Дерозан со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Себаљос ќе игра за Арсенал

Објавено пред

Дани Себаљос го поврзуваа со трансфер во Милан, тој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, кај тренерот Унаи Емери. „Марка“ пишува дека клубовите ги договориле сите детали околу Себаљос.

Талентираниот фудбалер, кој неодамна со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство за играчи до 21 година, сезоната 2019/2020 ќе ја мина на позајмица во Арсенал.

„Марка“ не открива колкава сума ќе платат од Арсенал за позајмицата, туку информира дека клубот од „Емирејтс“ ја преземал неговата годишната плата која изнесува 2,7 милиони фунти.

Договорот помеѓу двата клуба не вклучува клаузула за откуп, што значи дека 22 годишниот фудбалер по завршувањето на сезоната ќе се врати во Мадрид.

Прикажи повеќе...

Спорт

Официјално: Де Лихт е играч на Јувентус

Објавено пред

Целата сага околу Матијас Де Лихт заврши денес, откако 19 годишниот фудбалер го стави својот потпис на договорот и беше претставен како нов играч на италијанскиот шампион Јувентус.

Де Лихт со „старата дама“ потпишал пет годишен договор, вреден 12 милиони евра по сезона.

Холанѓанецот вчера пристигна во Торино, каде успешно ги мина медицинските тестови, а денес потпиша до јуни 2024 година.

Поранешниот клуб на Де Лихт, Ајакс, од трансферот заработи 75 милиони евра.

Јувентус во трката за младиот дефанзивец ги победи Барселона и Пари Сен Жермен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар Сениор е во Торино на преговори со Јувентус

Објавено пред

Нејмар Сениор, такото на најскапиот светски фудбалер, доцна синоќа пристигнал во Торино на преговори со луѓето од Јувентус. Информацијата ја објави „Мундо депортиво“, а веднаш потоа потврда доби и од италијанската РАИ.

Овие извори тврдат дека Нејмар Постариот во Торино пристигнал за да го договори трансферот на својот син во редовите на италијанскиот шампион.

Фудбалерот не сака повеќе да игра за Пари-Сен Жермен, тоа им го соопштил на клупските челници. Преферира трансфер во Барселона, но тој нема да се случи. Францускиот клуб за својот играч од Барса бара 300 милиони евра кога бил одбиен предлогот 40 милиони евра плус Ракитиќ и Кутињо за Нејмар.

Семејството Нејмар сега бара клуб во Европа, односно ќе тропне на портите на неколку европски великани. Покрај Јувентус, се шпекулира со Баерн Минхен, Реал Мадрид и со Манчестер јунајтед.

Сепак, првин ќе преговараат со Јувентус, кој за Нејмар е интересен и поради даночните олеснувања што стапија во сила во Италија.

Јувентус летово за сума од 75 милиони евра го донесе Матијас де Лихт, а како слободни играчи во тимот пристигнаа Арон Рамзи и Адријен Рабио.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија3 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет4 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија5 часа

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Регион5 часа

Дојава за бомба во авион на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската...

Европа5 часа

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа18 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија21 час

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија21 час

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија21 час

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија1 ден

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа1 ден

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија1 ден

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет1 ден

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ1 ден

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет1 ден

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет1 ден

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет1 ден

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа1 ден

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Досие