Спорт
Јоро под закана завршил во Манчестер јунајтед
Талентираниот француски дефанзивец, Лени Јоро, од вчера е член на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ успеаја да го реализираат трансферот и покрај тоа што Јоро имал договор со Реал Мадрид.
Трансферот на Јоро од Лил во манчестер јунајтед изнесува 62 милиони евра (0 милиони е фиксниот дел, а 10-12 милиони Лил може да заработи преку бонусите вметнати во договорот).
Реал и покрај тоа што покажа голем интерес за младиот дефанзивец немаше намера да понуди повеќе од 30 милиони евра.
Стоперот Лени Жоро е нов член на Манчестер јунајтед, но не може да се каже дека доброволно го избрал „Олд Трафорд“.
„Марка“ попува дека Лил му се закани на Јоро дека ќе седи на трибините цела сезона доколку следното лето има намера да замине во Реал Мадрид како слободен играч.
„Лил изврши голем притисок врз Лени Јоро. Му кажале дека ако остане, ќе седи на трибините цела сезона доколку има намера да го напушти клубот без обештетување и да замине во Реал Мадрид како слободен агент следното лето. Познато е Реал Мадрид е негов сон“, напиша на „Макрка“ повикувајќи се на новинарот Фабрицио Романо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите
Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат во историјата да се пласираат во Лигата на шампионите.
Како шестото место води до Лигата на шампионите?
Клучниот услов за овој исход е Астон Вила, како победник на Лига Европа, да заврши на петтото место во домашното првенство (во моментов се четврти). Во тој случај, Вила би се квалификувала за Лигата на шампионите, преку трофејот во Лига Европа.
Дополнителното место во Лигата на шампионите, кое Премиер лигата го заработи благодарение на вкупните перформанси на своите клубови во Европа, тогаш би му припаднало на шестопласираниот тим на табелата.
Сценарија за петто и шесто место
За Вила да заврши на петтото место, треба да загуби на гостински терен од Манчестер Сити во последното коло, а во исто време Ливерпул дома треба да го победи Брентфорд.
Доколку тоа сценарио се оствари, целото внимание ќе се префрли на борбата за шестото место.
Борнмут ќе го обезбедено шестото место со кој било исход освен пораз на гостински терен кај Нотингем Форест. Шестото ќе му припадне и доколку Брајтон не успее да го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен.
Од друга страна, Брајтон може да стигне до шестото место само ако победи, но под услов Борнмут да загуби кај Нотингем Форест.

Foto/ EPA
Спорт
Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс.
Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити.
Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим.
Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го добиле без обесштетување, но потенцијален проблем можат да бидат повредите.
Англичанецот пропушти голем број натпревари во последните две сезони. Поради повредите на мускулот, стапалото, препоните, Стоунс одигра само 19 натпревар.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи.
Емери со причина се нарекува „Кралот на Лигата на Европа“, бидејќи вечерва успеа да го освои овој трофеј петти пат во кариерата.
Прво три пати по ред славеше со Севилја (2014, 2015, 2016), еднаш со Виљареал (2021) и сега со Астон Вила (2026). Само еднаш загуби финален меч во Лига Европа, со Арсенал во 2019 година.
Подвиг за восхит.
Но тоа не е сè. Откако го победи Фрајбург (3:0) со Астон Вила и повторно ја освои Лигата на Европа, шпанскиот стручњак стана четвртиот тренер во историјата кој освоил пет Европски Купа.
Пред Унаи Емери, пет европски трофеи освоија двајца познати Италијанци и еден познат Португалец.
Прво, Џовани Трапатони – со Јувентус еден Куп на шампиони (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Куп на победници на купови (1984) и со Интер Купот на УЕФА (1991).
Потоа Жозе Мурињо – две Лиги на шампиони со Порто (2004) и Интер (2010), Куп на УЕФА со Порто (2003), Лига Европа со Манчестер Јунајтед (2017) и Лига на Конференции со Рома (2022).
И конечно Карло Анчелоти – пет Лиги на шампиони – две со Милан (2003, 2007) и три со Реал Мадрид (2014, 2022, 2024).
Секако, Лигата Европа нема иста тежина како Лигата на шампиони, но секако е голем успех за Емери да биде во одбрано друштво со некои од најголемите тренери на сите времиња во однос на бројот на европски трофеи.
Foto/ EPA
