Спорт
Јубилејна 300. Гренд слем победа – Ѓоковиќ преку Раониќ до четврт-финалето во Мелбурн
Бранителот на титулата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во четврт-финалето. Првиот носител за два часа и 56 минути го победи Милош Раониќ со 7/6, 4/6, 6/1, 6/4. Ѓоковиќ против Раониќ ја забележа 12 победа во меѓусебните дуели, во кои има освоено само четири сета. Победата над Раониќ беше 300 за Ѓоковиќ на Гренд слем турнироте.
Ѓоковиќ успешно одговори на предизвикот во осмина-финалето, иако и самоит не знаеше да ли ќе може да настапи. Повредата со која се здоби на претходниот меч против Тејлор Фриц, му создаваше проблеми во одредени делови на мечот, меѓутоа тој успеа да го изнесе товарот.
Медицинска помош во овој меч бараше Раониќ, поради проблемите со зглобот на десната нога.
Првиот сет го доби во тај-брејк и само го потрди прекарот „Кралот на 13 игра“. Во вториот, Раониќ, во шестиот гем, ја искористи втората брејк топка и до крајот со сиграна игра на свој сервис ја сочува предноста и успеа да израмни на 1:1.
Осумкратнитиот шампион во Мелбурн, целиот свој талент го покажа во третиот сет, во кој го растури противникот, со два брејка, овој сет го доби со 6/1.
Борбата продолжи и во четвртиот сет, Раониќ не искористи брејк топка на самиот почеток, Ѓоковиќ во четвртиот гем, а она што не му успеа во тој дел од мечот, му успеа во деветтиот гем, кога го направи брејкот за триумф.
Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против Александар Зверев, кој претходно со 3:0 го победи Душан Лајовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето, во Лигата на шампионите.
Познато е дека во полуфиналето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал.
Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реваншите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.
Финалето на Лигата на шампионите е на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Спорт
Де Роси ќе ја води Рома и следната сезона
Даниеле Де Роси и следната сезона ќе остане на клупата на Рома. Поранешниот капитен ги оправда очекувањата и на навивачите и на клупските челници.
Поранешниот италијански репрезентативец, функцијата ја презеде од Жозе Мурињо, кој доби отказ во јануари по поразот од Милан (1:3).
Де Роси ја донесе Рома на петтото место на табелата, кое според сегашната ситуација треба да го одведе тимот во Лигата на шампионите, бидејќи Италија во моментов води на УЕФА рангирањето на најдобрите клубови и со тоа би добила уште едно место во елитното европско клупско натпреварување.
Исто така, Рома е и во четвртфиналето на Лига Европа, каде со Милан се бори за место меѓу најдобрите четири екипи.
„По средбата со Даниеле Де Роси, можеме да кажеме дека ќе остане со нас и следната сезона. Тој донесе позитивни промени и сакаме да продолжиме по тој пат“, изјавија газдите на Рома, Американците Ден и Рајан Фридкин.
Спорт
Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.
Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.
Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.
„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.