Контакт

Спорт

Јунајтед ја одбиле Севилја – Марсијал ќе остане на „Олд Трафорд“

Објавено пред

Манчестер јунајтед ја одбиле Севилја за Ентони Марсијал. Севилја имаше намера да го позајми францускиот напаѓач до крајот на сезоната. Јунајтед беа подготвени да го пуштат незадоволниот Марсијал, но не успеаја да ги договорат условите со спортскиот директор на Мончи.

Англиските медиуми го открија планот на Севилја, кој веднаш бил одбиен. Во Севилја сакале Марсијал да игра за нив, а да плаќаат 50 отсто од неговата плата, планот им бил останатите 50 отсто да останат обврска на Јунајтед.

Марсијал неделно заработува 200.000 фунти, односно околу 7.000.000 фунти.

Откако на Мончи му пропадна зделката со Марсијал, тој сега има намера да тропне на врата на Тотенхем. Севилја се заинтересирани за Холанѓанецот Стивен Бергвајн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ферстапен: Хамилтон имаше многу среќа што освои седум титули

Објавено пред

Новиот Ф1 шампион, Макс Ферстапен инсистира дека неговиот лут ривал Луис Хамилтон имал „многу среќа“ што стигнал до седум светски круни.

Серијата на Хамилтон беше прекината лани токму од возачот на Ред бул, Ферстапен во драматичната последна трка од сезоната во Абу Даби, по која Хамилтон влезе во „молк“ без ниту едно интервју и со шпекулации дека е подготвен да се повлече од спортот. 2021 беше прва година во турбо-хибридната ера во Ф1 во која Мерцедес не освоија титули – во претходните шест седум години, Хамилтон освои една титула, а една отиде кај Нико Розберг.

„Работите кои ќе дојдат понатаму во мојата кариера се само бонус и ќе уживам во нив. Морате да имате многу среќа да се борите за седум или осум титули. За тоа ви е потребен многу доминантен тим, така што многумина не добиваат таква шанса. За мене, секогаш сум сакал да имам една титула, и потоа ќе видиме што ќе добијам плус“, вели Ферстапен за „Карнекст“ магазинот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал во 92. минута спасија реми со Елче, но го загубија Бензема

Објавено пред

Реал Мадрид немаше најдобра недела, откако им беше потребен гол во 92. минута да се спасат од пораз од Елче (2:2) на „Сантијаго Бернабеу“, а уште полошо, нивниот најдобар стрелец оваа сезона, Карим Бензема мораше да биде повлечен од игра поради повреда.

Реал Мадрид сега има само четири поени предност пред второпласираната Севилја, а доколку повредата на Бензема се покаже посериозна, имаат големи проблеми на три недели пред мега-дуелот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

Бензема, кој оваа сезона постигна толку многу голови, прво во 33. минута од мечот не успеа да реализира пенал, по што во финишот на полувремето, во 42. минута Лукас Боје ги донесе Елче во неочекувано водство. Бензема во 58. минута од мечот мораше да биде заменет со Лука Јовиќ, откако се пожали со повреда на бутниот мускул, а во 76. минута, Пере Милја го удвои водството на Елче.

Обидот на Реал да се вратат резултираше со уште еден пенал, овојпат во 82. минута, и Лука Модриќ овојпат не згреши, пред Едер Милитао во 92. минута да спаси поен за тимот на Карло Анчелоти.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прикажи повеќе...

Спорт

Полска и Русија со драматично и контроверзно реми

Објавено пред

Полска и Русија одиграа драматично 29:29 реми во меч кој најверојатно ги заврши шансите за полуфинале на Европското првенство во Унгарија и Словачка за двата тима.

Во неизвесен меч, во кој предноста се менуваше повеќе пати, рускиот селектор Владимир Петковиќ прво доби црвен картон, а Полска го имаше тоа што го сметаа како последен напад на мечот.

Михал Дашек постига гол, Полјаците почнаа да слават, но Русите побараа тајмаут во последен момент. Прославата на Полјаците престана, пред Сергеј Косоротов да постигне фантастичен гол од 15 метри за израмнување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Силен пожар во „Жито Битола“

Многу силен пожар избувна попладнево околу 17.20 часот во објктот на фабриката за пекарски производи „Жито Битола“. Од противпожарната служба...

Свет2 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија4 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Македонија4 часа

Пецаков: Не постои ниту еден пример некој да се изолира додека чека резултати од ПЦР-тест поради патување во странство

Веројатно тезата “Наќе е крив” сега е заменето со акцијата “Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта...

Економија7 часа

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ7 часа

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет8 часа

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион9 часа

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија10 часа

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија24 часа

Пред да почине Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија24 часа

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија1 ден

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион1 ден

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија1 ден

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија1 ден

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија1 ден

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет1 ден

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија1 ден

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет1 ден

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија1 ден

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Досие