Контакт

Спорт

Јунак на континентот: Поради Сон милиони луѓе ќе се будат во 4 наутро!

Објавено пред

Хеунг Мин Сон го живее својот сон додека го чека финалето на Лигата на шампиони во недела, на неговиот Тотенхем против Ливерпул.

Јужнокорејскиот напаѓач е причината милиони негови сонародници да станат сред ноќ за да го гледаат мечот кој за Тотенхем значи историја, пишува „Гардијан“.

Кога Сон го видел својот херој, Ји-Сунг Парк како станува првиот азијски фудбалер што заиграл во финале на Лига на шампиони во дресот на Манчестер Јунајтед против Барселона во 2009 година неговото срце затреперило. Јунајтед со 2-0 го загуби тој меч.

„Во Јужна Кореја тоа беше голема работа, затоа што Парк беше првиот Азиец кој заигра финале.Го гледав мечот како навивач и сонував еден ден да освојам нешто или да бидам прогласен за најдобар играч“ – вели Сон.

Во 2009 фокусот на Азија беше на Парк, сега е на Сон. Финалето во ЛШ почнува во 4 часот наутро по корејско време.

„Мечот во Јужна Кореја ќе почне рано наутро па навистина сум благодарен за поддршката и пораките што ги примам. Не е лесно да се станува толку рано, и јас станував како дете. Затоа секогаш ги почитувам тие луѓе и давам 100% од себе. Временската разлика е голема, но луѓето ги гледаат натпреварите. Морам некако да им се оддолжам“ – вели 26-годишниот напаѓач на Тотенхем.

Тој потенцира дека сака да игра во Европа и да остави добар впешаток со што ќе ја отвори вратата за другите фудбалери од Азија.

Спорт

Евро 2020: Родриго ги квалификуваше Шпанците во 92. минута, Финска пред историски пласман (видео)

Објавено пред

Репрезентацијата на Шведска беше на чекор до големо изненадување и пред пласман на Евро 2020, откако до 90-тата минута имаше 1:0 водство против Шпанија, пред „фуријата“ да израмни со голот на Родриго во 92. минута, резултат кој ги носи на шампионатот. Босна и Херцеговина, пак, полека ја губи трката со Финска за второ место во групата Ј откако загубија со 2:1 кај Грција.

Напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Давид де Хеа за предност на  „трите круни“, но на крајот тоа не беше доволно за победа. „Среќа“ за Швеѓаните, Романија исто така прими гол во 90-тата минута против Норвешка за 1:1 за да ја искомпликува ситуацијата во групата.

Босна и Херцеговина, пак, најверојатно квалификациите ќе ги бара преку плејофот во Лигата на нации по поразот на „Спирос Луис“ во Атина (2:1), неколку часа откако Финска со 3:0 ја победи Ерменија и дојде на чекор до историски прв пласман на едно големо натпреварување – тие досега (како нас) немаат пласман на ЕП, ниту на СП.

Финска сега има 15 поени на второто место, Босна е втора со 10, колку што има и Ерменија, а Грците се петти со 9 поени. До крајот остануваат уште две кола – Финска ќе игра дома со Лихтенштајн и на гости со Грција, додека Босна и Херцеговина игра дома со Италија и гостува на Лихтенштајн. Италија веќе е прва со осум победи во осум меча.

Швајцарија пак, уште повеќе ја искомпликува ситуацијата во групата Д, откако ја победи Ирска со 2:0. Со овој резултат, Ирците се први со 12, колку што има и второпласираната Данска, додека Швајцарците се трети со 11 поени.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Д

Гибралтар – Грузија 2:3

Швајцарија – Ирска 2:0

Табела: 1.Ирска 12, 2.Данска 12, 3.Швајцарија 11, 4.Грузија 8, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Малта 1:0

Романија – Норвешка 1:1

Шведска – Шпанија 1:1

Табела: 1.Шпанија 20, 3.Шведска 15, 3. 2.Романија 14, 4.Норвешка 11, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 3

ГРУПА Г

Израел – Летонија 3:1

Табела: 1.Полска 19, 2.Австрија 16, 3.Македонија 11, 4.Словенија 11, 5.Израел 11, 6.Летонија 0

ГРУПА Ј

Финска – Ерменија 3:0

Грција – Босна и Херцеговина 2:1

Лихтенштајн – Италија 0:4

Табела: 1.Италија 24, 2.Финска 15, 3.БиХ 10, 4.Ерменија 10, 5.Грција 9, 6.Лихтенштајн 2

Прикажи повеќе...

Спорт

Малдини уште е „прогонуван“ од 2005 и Ливерпул: Ах, тоа финале во Истанбул (видео)

Објавено пред

Легендата на Милан, Паоло Малдини во интервју за УЕФА зборуваше за својата кариера со „росонерите“, но се потсети и на славното финале од 2005 и поразот од Ливерпул посочувајќи: „Играв во осум финалиња од ЛШ, но луѓето се сеќаваат само на тоа“.

Малдини ја помина целата кариера во Милан, исто како и неговиот татко Чезаре, кој беше капитен на тимот кој ја освои првата европска титула во 1963 година, а во академијата на клубот се и неговите двајца синови.

„Има малку години од 1954 година во кои еден Малдини не бил дел од Милан. Мојот почеток беше во 1978 година и никогаш нема да заврши“, вели Малдини.

Паоло беше во далеку поуспешен тим од неговиот татко, освојувајќи пет титули од Лигата на шампионите, седум титули од Серија А и еден Куп на Италија. Но, поразот од Ливерпул на пенали во 2005, откако Милан имаше 3:0 водство на полувреме во Истанбул, уште е „болка“.

„Мојот гол во тоа финале во 2005 беше најбрз и најубав во финалиња на Лига на шампиони, но тој меч само покажа дека ништо не е ’готово’ во фудбалот. Малку ми е смешно што играв во осум финалиња на ЛШ и освоив пет титули, но луѓето изгледа се сеќаваат само на тој меч. Бевме фаворити, игравме многу подобро од Ливерпул и освен во тие шест минути мечот беше наш. Но, во 2007 се одмаздивме и ги победивме во финалето. Од тој меч малку се сеќавам бидејќи имав испиено многу апчиња за болки. Се сеќавам на головите на Пипо Инзаги, на крајот и на прославата. Три дена подоцна бев на операција и кога ќе се разбудев морав да прашувам дали сме победиле или изгубиле“, вели Малдини.

Прикажи повеќе...

Спорт

Леброн на страна на Кинезите – менаџерот на Хјустон не бил „доволно едуциран“

Објавено пред

Леброн Џејмс смета дека генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дерил Мори „не бил доволно едуциран“ пред на Твитер да ја прати пораката со поддршка на антивладините протести во Хонгконг, порака која направи огромна штета на односите на НБА-лигата и Кина.

Мори на Твитер на 4 октомври ги поддржа протестантите во Хонгконг, по што НБА лигата загуби еден куп на кинески спонзори. Леброн не го поддржува.

„Не сакам да влезам во вербална расправија со Дерил Мори, но верувам дека не бил доволно едуциран за ситуацијата кога го напиша тоа. Многу луѓе можеа да бидат оштетени не само финансиски, туку и физички, емоционално и духовно. Да, имаме слобода на говор, но има и многу негативни работи околу тоа. Социјалните мрежи не се секогаш совршен начин да се изразуваат мислења“, вели Џејмс.

Тој додава дека ќе се врати во Кина кога ќе има можност.

„Мене лично, секогаш ме пречекувале со отворени раце. Сум бил во Кина 15-20 пати. Главната причина е кошарката. Спортот ги зближува луѓето на толку начини што никој не го очекувал. Затоа одиме во Кина, да го промовираме спортот“, вели Леброн.

НБА лигата не смее да ги поддржува протестите во Хонгконг за да не ја навреди Кина

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија8 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа10 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион11 час

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт11 час

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет12 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет12 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ13 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија13 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија14 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија15 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија16 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија16 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора17 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија18 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа18 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион18 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија19 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт1 ден

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија1 ден

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Досие