Спорт
Јуве, Барса и Реал најавија продолжување на проектот за Суперлигата
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид преку соопштение потврдија дека ќе продолжат со својот проект за организирање на Европската суперлига откако судот во Мадрид забрани УЕФА да ги казнува клубовите поврзани со натпреварувањето.
Проектот, кој предизвика фудбалски земјотрес оваа година, изгледаше дека е пропаднат откако 9 од 12-те основачи (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Атлетико Мадрид, Интер и Милан) се повлекоа по осудата од страна на навивачите, но Јуве, Барса и Реал постојано тврдеа дека проектот е нужност.
Сега, по одлуката на судот во Мадрид да престанат сите легални постапки против клубовите основачи, се јавија и од Суперлигата.
„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид ја поздравуваат одлуката на трговскиот суд во Мадрид, со која УЕФА веднаш мора да прекине со сите активности против основачите на Суперлигата вклучувајќи ги сите дисциплински постапки. Судот го поддржа барањето на Европската суперлига и посочи дека УЕФА ќе сноси кривични обвинувања доколку не го направи тоа. Случајот ќе биде разгледуван и на Европскиот суд на правдата во Луксембург, каде што ќе се разгледува монополската позиција на УЕФА во европскиот фудбал. Од таа позиција тие му штетат на фудбалот, а клубовите што учествуваат во натпреварувањата имаат право да ги водат натпреварувањата. Нема да бидеме жртва на заканите на УЕФА и ќе продолжиме со проектот на Суперлигата со конструктивност и соработка“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.