Спорт
Јуве и Атлетико ќе играат утре, но не во Израел, туку во Торино

Јувентус и Атлетико Мадрид не го откажаа пријателскиот меч закажан за утре, но наместо тој да се одигра во Тел Авив, Израел, ќе биде одигран на тренинг-теренот во Торино поради нестабилната ситуација во регионот.
Мечот требаше да се игра на „Блумфилд“ во Тел Авив, каде што неодамна се одигра Францускиот Суперкуп, но двата клуба и промотерот „Комтек груп“ решија дека е невозможно да се гарантира безбедноста на фудбалерите по рактените напади од Израел на Газа и на Западниот Брег во последните неколку дена.
Мечот ќе се одигра од 18 часот на тренинг-центарот „Континаса“ на Јувентус, со мал број на гледачи.
Juve-Atletico to be played tomorrow at the JTC.
— JuventusFC (@juventusfcen) August 6, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Касемиро прави трансфер во Манчестер Јунајтед, но ќе стигне ли да игра против Ливерпул?

Бразилскиот интернационалец Касемиро е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, откако европскиот првак Реал Мадрид го одобри неговото заминување на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси. И покрај инсистирањето на Карло Анчелоти искусниот играч од средниот ред да остане меѓу „кралевите“, сепак, јасно е дека клубот веќе доведе замена во Орелиен Чуамени, а со овој трансфер ќе ги покрие неговите трошоци.
Касемиро ќе добие четирогодишен договор и фантастични 18 милиони евра по сезона, речиси двојно поголема плата од сегашната во Реал Мадрид.
Вистинската трка Бразилецот и Манчестер Јунајтед ќе ја имаат со времето. Раководството и менаџерот Ерик тен Хаг сакаат тој да игра на дербито против Ливерпул в понеделник, со оглед дека е во натпреварувачки ритам. Н, за тоа ќе треба трансферот да се реализира експресно, а Касемиро се уште ги нема минато ниту медицинските прегледи.
Спорт
Шкупи направи чекор назад, но преку Приштина може во групите од Конференциската лига (Фотогалерија)

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот дуел од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски направи чекор назад на патот кон најголемиот клупски успех. Сепак, ќе има уште една шанса за поправен испит, на реваншот во Приштина следниот четврток.
Шкупи беше подобар ривал, создаде повеќе шанси, но Балкани знаеше како да ги искористи слабостите на ривалот. Тоа е лекција која Шкупи ќе мора веднаш да ја совлада и да ја примени на реваншот, доколку сака да остане во Европа уште долго оваа сезона.
Фото: Игор Паневски
Спорт
Целје го победи Вардар и ќе игра финале на турнирот во Струга

Словенечкиот Целје е првиот финалист на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2022“, откако вечерва го победи Вардар со 36:28. Со овој триумф, Словенците го освоија првото место во групата Б.
По првиот дел резултатот беше 17:17, но Целје беше далеку подобар во второто полувреме. Клучна беше серијата од 10:4, со која Целје создаде предност, а потоа знаеше да ја задржи.
Филип Талески беше најефикасен со девет гола кај Вардар, кој ќе се бори за третата позиција во конечниот пласман.
На Еурофарм Пелистер му треба да остане непоразен од АЕК во утрешниот меч (21.15 ч.) за да го потврди првото место во групшата и да игра во финалето против Целје.