Спорт
Јуве и Милан се подготвуваат да си разменат фудбалери

Јувентус и Милан, во летниот преоден рок, подготвувале размена на фудбалери, тврдат италијанските медиуми. Јувентус им го понудиле на Милан, Федерико Бернардески, во замена за Алесио Ромањоли.
Бернардески Ромањоли, не играат многу оваа сезона, навивачите имаат многу замерки за она што го прикажуваат на теренот, а и на двајцата договорите им истекуваат во јуни 2022 година.
Ромањоли се почесто е резерва кај Милан, бидејќи тренерот Стефано Пиоли, сметал дека е премногу бавен во формацијата 4-2-3-1. Од друга страна Јувентус се во потрага по централен дефанзивец, откако е извесно дека Џорџо Кјелини ќе ја заврши кариерата.
Бернардески, речиси цела сезона е резерва кај Андреа Пирло. Настапил на 36 натпревари, на кои не постигнал гол.
Клубовите веруваат дека ќе можат да ја реализираат размената бидејќи менаџер на фудбалерите е Мино Рајола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона го освои Купот, во финалето го декласираа Атлетик Билбао
Барселона го освои Купот на Шпанија. Во 119.финале на Купот, на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја, Барселона го декласира Атлетик Билбао со 4:0 и го освои 33. трофеј во ова натпреварување. Ова е прв трофеј за Роналд Куман на кормилото на Барселона. Атлетико Билбао, во интервал од две недели го загуби и второто финале во Купот.
Финалсниот меч од почетокот до крајот беше еднонасочна улица. Барселона го наметна својот стил, а Атлетик Билбабо се определи за ултра дефанзивна тактика. Се бранеа длабоко со сите играчи, оставајќи му противникот да напаѓа. Во еден дел од првото полувреме Барселона имаше повеќе од 80 осто од поседот на топка.
Барселона натпреварот го реши во периодот од 60 до 72.минута кога ги постигна головите. Серијата ја отвори Гризман, Де Јонг погоди во 63.минута, а серијата ја затвори Меси со два гола во 68. и 72.минута.
Атлетик Билбао во текот на целиот натпревар ниту еднаш не се заканија кон голот на Тер Штеген.
Спорт
Проблем за Сити, Де Брујне неизвесен за дуелите со ПСЖ

Манчестер сити испадна во полу-финалето на ФА купот и остана без Кевин Де Брујне. „Граѓаните“, вечерва, загубија минимално од Челси (1:0) во полу-финалето, а Де Брујне поради повреда теренот го напушти во второто полувреме.
Засега, клубот, не објавува информации колку сериозноста на повредата на Де Брујне. Менаџерот Пеп Гвардиола, по натпреварот изјавил дека Белгиецот утре ќе оди на дополнителни прегледи, со краток коментар дека „повредата не изгледа добро“.
Повредата на Де Брујне е голем удар за амбициите на тимот на Гвардиола, кој во наредните 20 дена ќе одигра три важни натпревари, наредната сабота ќе го одиграат финалето во Лига купот против Тотенхем, а потоа им следуваат и полу-финалните натпревари со ПСЖ, во Лигата на шампионите.
Нешто полесно ќе им биде во Премиер лигата, бидејќи на врвот имаат 11 поени повеќе од Манчестер јунајтед.
Спорт
Зијеш ги однесе Челси во финалето на ФА купот

Фудбалерите на Челси ќе играат во финалето на ФА купот. „Сините“, во првото полу-финале, го совладаа Манчестер сити со 1:0. Голот кој го реши победникот го постигна Хаким Зијеш во 55.минута.
Натпреварот наречен „финале пред финалето“ во ФА купот, понуди малку возбудувања и многу тактички надмудрувања помеѓу Томас Тухел и Пеп Гвардиола.
Сито во првиот дел немаа чиста шанса за постигнување гол додека Челси сериозно се заканија преку Чилвел во 21.минута. Претходно, во седмата минута, ВАР поради офсајд го поништи голот на Зијеш.
Во вториот дел, Сити ја имаа топката во свој посед, додека Челси се определија за контранапади.
Контрата, и асистенцијата на Вернер кон Зијеш им го донесе водечкиот гол на „сините“.
До крајот на мечот, Сити имаше две полу-шанси преку Стерлинг, на спротивната страна ВАР го поништи голот на Хаверц.
Челси и минатата година играше во финалето, но не успеа да го освои. Инаку, ова ќе биде четврто финале во ФА купот за Челси во последните пет години. Оваа година „сините“ ќе се обидат да ја освојат деветтата титула во ФА купот.
Последен пат екипата од „Стенфорд Бриџ“, триумфирала во ФА купот во 2018 година.
Челси во финалето ќе игра против победникот од утрешното полу-финале помеѓу Саутемптон и Лестер.
Финалниот меч ќе се одигра на „Вембли“, на 15.мај.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш