Спорт
Јужна Африка побара да игра нов меч со Гана

Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка бара од ФИФА да го повтори нивниот натпревар против Гана, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Гана, со победата во Јужна Африка, избори пласман во третиот квалификациски круг, а Јужна Африка остана без шанси за пласман на Мундијалот во Катар.
Јужна Африка, во дуелот со Гана влезе со предност на табелата, бод им беше потребен за да го обезбедат првото место во групата. Гана сепак успеа да победи со голот од пенал на Андре Ају.
Јужноафриканците сметаат дека се ограбени од судиите. Не само поради контроверзниот пенал, туки и поради неколкуте, според нив, сомнителни одлуки на судиите.
Интересно, пред четири години, Јужна Африка мораше да го повторни својот меч со Сенегал. Тогаш Јужна Африка победи 2.1 и се пласираше на СП во Русија. Откако беше утврдено дека Јужна Африка не требало да добие пенал на тој натпревар, бидејќи играч на Сенегал играл со коленото, а не со раката, пред својот гол.
Повторениот меч им припадна на Сенегалците со 2:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Никлас Фулкруг блесна во дресот на фудбалската репрезентација на Германија и со два гола донесе победа од 2:0 на пријателскиот натпревар против Перу. Овој меч се одигра во Мајнц, а Германците беа подобар ривал.
Фулкруг го отвори резултатот во 12.минута, а потоа уште еднаш стрелаше во 33.минута.
Каи Хаверц во второто полувреме не реализира пенал за уште поубедлив триумф.
Спорт
Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Поранешниот европски и светски првак, селекцијата на Шпанија, одлично го отвори новиот циклус квалификации за ЕП 2024 откако ја совлада Норвешка со 3:0. Реновирана „црвена фурија“ која сега ја предводи Луис де ла Фуенте, поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута. Во финишот Хоселу со два гола го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Хрватска имаше водство до судиското продолжение, а потоа Велс постигна гол за израмнување (1:1) на „Пољуд“. Андреј Крамариќ во 28.минута донесе предност за „коцкестите“, а израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија беше подобра од Андора на гости и славеше со 0:2.
Спорт
Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име

Заедно со бројот на освоени награди во текот на кариерата, Лионел Меси доби уште едно признание. Неговото име од денеска ќе ја краси базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес.
На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци на „албиселесте“, комплексот го доби своето ново име.
„Ви благодарам за признанието, толку е возбудливо“, изјави Меси. „Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале оттука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, истакна аргентинскиот ас.
The unveiling of the Lionel Messi plaque.pic.twitter.com/RZDO7J2YJC
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 25, 2023