Спорт
Јужна Кореја бара ИОЦ да го забрани неофицијалното јапонско знаме
Јужна Кореја официјално побара од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да го забрани неофицијалното јапонско знаме со „сонцето што изгрева“ пред Олимпијадата во Токио во 2020 споредувајќи го симболот со нацистичката свастика.
Во писмено барање до претседателот на ИОЦ, Томас Бах, министерот за култура, спорт и туризам на Јужна Кореја изрази загриженост пред Олимпијадата в година.
„Тоа знаме е поврзано со јапонскиот империјализам и воената агресија во Азија од крајот на 19 век. Исто како што свастиката ги потсетува Европејците на ужасите од Втората светска војна“, се вели во писмото.
Знамето, на кое има црвено сонце со 16 зраци од центарот, е користено во Јапонија со векови и уште е официјално знаме на морнарицата на оваа земја. Официјалното знаме на Јапонија е црвен диск на бела површина, кое ќе го користи и олимпискиот тим. Организаторите на ОИ во Токио веќе го одбија барањето на Корејците.
„Знамето се користи во Јапонија, не претставува никаков политички гест, така што не е забрането“, објави организацискиот комитет.
South Korea to ask International Olympic Committee to ban Rising Sun flags at Tokyo Games https://t.co/Nrl9QJQBr9
— Thoton Akimoto (@Thoton) August 29, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Заврши сезоната за Енцо Фернандес
Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.
Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.
Спорт
Ла Лига од следната година ќе се игра во САД
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.
Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.
„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.
Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.