Спорт
Кајри Ирвинг ги нервира сите во Бруклин нетс

Челниците на Бруклин нетс го губат трпението со Кајри Ирвинг. Еден од лидерите на тимот одбива да се вакцинира против коронавирусот, што значи дека ќе пропушти половина од натпреварите во сезоната.
Ирвинг одбива да се вакцинира и покрај разговорите со медицинските лица. Доколку остане при оваа одлука, Ирвинг за Нетс во новата сезона би можел да настапува само на гостинските натпревари и тоа онаму каде што е дозволено да биде присутен како невакциниран граѓанин.
ЕСПН пишува дека челниците на франшизата го загубиле трпението и дека не е исклучено да ги разгледаат опциите за трајд.
Инаку, Ирвинг за секој пропуштен натпревар ќе остане без 380.000 долари.
Бруклин нетс со Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг се меѓу топ-фаворитите за титулата во НБА-лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хофенхајм го отпушти тренерот

Фудбалскиот клуб Хофенхајм денеска го отпушти Андре Брајтенрајтер од тренерската функција. Хофенхајм нема победа на последните девет натпревари во Бундеслигата.
Брајтенрајтер ја презеде функцијата во мај минатата година, а последната победа со Хофенхајм ја забележа во октомври минатата година.
Хофенхајм во саботата беше поразен на гостувањето кај Бохум со 5:2. Тимот сега се наоѓа на 14. место на табелата во Бундеслигата, три бода над зоната за испаѓање.
Германскиот тренер минатата сезона го предводеше Цирих до титулата во швајцарскиот шампионат, а беше тренер и на Падерборн, Хановер и Шалке.
Следниот меч од Бундеслигата на Хофенхајм го игра на домашен терен против Баер Леверкузен.
Спорт
Чави: Реал не е мртов, туку е фаворит за шампионската титула

Барселона ја совлада Севиља со 3:0 во дербито на Примера и по поразот на Реал Мадрид од Мајорка сега на табелата има осум бодови повеќе од најголемиот ривал.
Каталонците блескаат во овогодинешниот шампионат. Загубија само еден натпревар и примија вкупно седум гола на 20 натпревари.
Тренерот на Барселона, Чави, не дозволува тимот да влезе во еуфорично располоѓение, истакнува дека се уште ниѓто не е готово.
„Осум бода се голема предност, но се уште не сме освоиле ништо. Реал може да победи секого, и не заборавајте дека тие треба да дојдат на Камп Ноу“.
Чави смета дека Реал се уште е најголениот фаворит за освојување на титулата.
„Реал е мртов? Нема шанси. Толку пати докажаа дека се способни да направат голем камбек. За жал, тоа го доживеав како играч и не би сакал да го доживеам тоа сега како тренер. Без разлика на нашата предност, фаворит за освојување на Ла Лига е Реал. Затоа што е актуелен шампион на Шпанија и Европа. Ние сме кандидати за титулата“, заклучи Чави.
Спорт
Матеус: Ноер не треба да биде капитен на Баерн

Мануел Ноер неславно може да ја заврши кариерата во Баерн. Пред нешто повеќе од еден месец тој на скијање ја скрши ногата, поради што ја заврши сезоната,а минатат недела го критикуваше клубот, поради отказот што го доби тренерот на голманите и негов голем пријател, Тони Топаловиќ.
Легендата на Баерн, Лотар Матеус е последниот човек поврзан со клубот кој јавно го нападна Мануел Ноер поради контроверзното интервју што го даде пред неколку дена.
Еден од најголемите асови на светскиот фудбал, смета дека Баерн треба да му ја одземе капитенската лента.
Германскиот голман во последните денови беше жестоко критикуван од челниците на клубот Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Ноер, ја нарече „луда“ одлуката на клупските челници кои неодамна му врачија отказ на долгогодишниот тренер на голманите, Тони Топаловиќ.
„Прво скијаше лежерно, а сега дава интервју во кое жестоко го напаѓа клубот. Нели пред неколку недели рече дека никој не е над клубот“, рече Матеус, кој смета дека, Ноер му нанел „голема штета“ на клубот и поради тоа не ја исклучува можноста, Баерн да се ослободи од Ноер „можеби дури и засекогаш“.
„Она што најмногу ме загрижува за интервјуто на Мануел е што очигледно не размислувал кога ги бирал зборовите“, заклучил Матеус.