Спорт
Како да го уништиш својот тим? Прашајте го Ламкел Зе! (видео)
Еден од најбизарните бараж-мечеви за влез во Лига Европа се одигра вечерва во Белгија, откако Антверпен по првите 90 минути одигра 1:1 со соседите од Холандија, АЗ Алкмар, за потоа во продолжението да загубат со 1:4. Главниот виновник? Според многумина напаѓачот Дидие Ламкел Зе.
Првиот меч во Холандија заврши 1:1, а задачата на домаќините стана потешка откако Мбокани доби втор жолт картон во 35. минута и го остави Антверпен со играч помалку. За „среќа“ Ламкел во 74. минута постигна гол за 1:0 водство, кое го водеше неговиот тим во групната фаза, но тој реши да го прослави голот со соблекување и покажување на дресот, по што судијата му даде втор жолт картон и го остави Антверпен со два играчи помалку.
Antwerp are down to ten men and clinging on to an away goals victory against AZ.
Lamkel Ze scores to put them in front and then takes his shirt off to get a second yellow card.
AZ equalise in the last minute.
Even Richarlison can’t live up to that. pic.twitter.com/BziCakVwCO
— Sam Street (@samstreetwrites) August 29, 2019
Резултатот? АЗ Алкмар прво израмни со гол во 90-тата минута, а потоа ги „фати“ на умор деветте фудбалери на Антверпен и им уфрли уште три гола за пласман понатаму.
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 2.НАТПРЕВАР
Спартак Москва (Рус) – Брага (Пор) 1:2, прв натпревар 0:1, вкупно 1:3
Антверпен (Бел) – АЗ Алкмар (Хол), 1:1, 1:4 продолженија, прв натпревар 1:1, вкупно 2:5
Хапоел Бер Шева (Изр) – Феенорд (Хол) 0:3, прв натпревар 0:3, вкупно 0:6
Трабзонспор (Тур) – АЕК (Грц) 0:2, прв натпревар 3:1, вкупно 3:3, Трабзон има повеќе голови на гости
Дуделанж (Лук) – Арарат-Арменија (Ерм) 2:1, 5:4 пенали, прв натпревар 1:2, вкупно 4:4.
Ференцварош (Унг) – Судува (Лет) 4:2, прв натпревар 0:0, вкупно 4:2
Риека (Хрв) – Гент (Бел) 1:1, прв натпревар 1:2, вкупно 2:3
Марибор (Сло) – Лудогорец (Буг) 2:2, прв натпревар 0:0, вкупно 2:2, Лудогорец има повеќе голови на гости
Ајнтрахт Франкфурт (Гер) – Стразбур (Фра) 3:0, прв натпревар 0:1, вкупно 3:1
Ренџерс (Шко) – Легија (Пол) 1:0, прв натпревар 0:0, вкупно 1:0
Вулверхемптон (Анг) – Торино (Ита) 2:1, прв натпревар 3:2, вкупно 5:3
Гимараеш (Пор) – ФЦСБ (Ром) 1:0, прв натпревар 0:0, вкупно 1:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.