Спорт
Како изгледа рекордно менување гуми за 1,82 секунда (видео)

Победата на Макс Ферстапен на бразилското ГП во неделата беше за сеќавање кога возачот на Ред бул успеа двапати да го помине светскиот шампион Луис Хамилтон, но еден негов рекорд остана незабележан, односно на неговите механичари.
Тие успеаја да го соборат светскиот рекорд за менување на четирите пневматици за 1,82 секунда. Влегувањето во боксот, покрај брзината, имаше и клучно значење за стратегијата во обидот да се излезе пред Хамилтон, кој веќе имаше влезено во боксот.
За жал, на овој подвиг му следуваше блокирањето на Холанѓанецот од страна на Роберт Кубица во Вилијамс, кој излезе пред него и го принуди да забави. Кубица доби казна, а Ферстапен потоа мораше да го помине Хамилтон на патеката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балотели се врати со гол за победа на Бреша, нова мизерија на Фиорентина (видео)

Марио Балотели покажа колку им е потребен на Бреша, откако по враќањето во составот од страна на старо-новиот тренер Еугенио Корини, постигна важен гол за 1:0 победа на гостувањето кај СПАЛ.
Со трите поени по само третата победа оваа сезона, Бреша се крена од последното место на табелата (каде што сега е СПАЛ) и сега имаат 10 поени, само еден помалку од Џенова на Горан Пандев, која денеска одигра 2:2 кај Лече.
Фиорентина на Винченцо Монтела, пак, очигледно е во голема криза, откако Виола загуби четврти пат едноподруго, овојпат со 2:1 на гостувањето кај Торино. Симоне Заза и Кристијан Ансалди беа стрелци за „биковите“, а Мартин Касерес во финишот на мечот успеа само да намали на 2:1.
Во третиот попладневен меч, Каљари се врати од 2:0 негатива на гостувањето кај Сасуоло за 2:2 реми со гол во 90. минута.
СЕРИЈА А, 15.КОЛО
СПАЛ – Бреша 0:1
Торино – Фиорентина 2:1
Сасуоло – Каљари 2:2
Спорт
Варди и „Лисиците“ во лов Ливерпул – нов убедлив триумф на Лестер (видео)

Лестер сити на Брендан Роџерс по сè изгледа е најсериозниот ривал на Ливерпул за титулата во Премиер лигата оваа сезона по 4:1 триумфот на гостувањето кај Астон вила, за 12. победа оваа сезона со која се доближија на осум поени од лидерот.
Џејми Варди постигна два гола, со што е стрелец во последните осум натпревари на Лестер, Џони Еванс и Келечи Ихеаначо додадоа по еден за убедлив триумф на „Вила парк“ кој во ниту еден момент не беше неизвесен. Варди оваа сезона има постигнато неверојатни 16 гола.
Во другите попладневни мечеви, Шефилд јунајтед се врати од 1:0 негатива за 2:1 победа на гости кај Норич, додека Њукасл успеа со сличен пресврт да стигне до 2:1 триумф над Саутемптон.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 16.КОЛО
Астон вила – Лестер 1:4
Њукасл – Саутемптон 2:1
Норич – Шефилд јунајтед 1:2
Спорт
Хоакин на 38 години до хет-трик, Бетис едвај изддржа за победа над Билбао (видео)

Реал Бетис стигна до 3:2 победа над Атлетик Билбао за трет триумф во низа за клубот од Севилја, откако Хоакин постигна неверојатен хет-трик во првите 20 минути од мечот.
Капитенот Хоакин стрелаше во 2., во 11. и во 20. минута за неверојатен старт на Бетис против шестопласираниот тим на табелата, по што гостите не успеја да се вратат во игра. Со своите 38 години, Хоакин е најстариот стрелец на хет-трик во историјата на Ла лига.
Ињаки Вилијамс од пенал во 44. минута успеа да намали на 3:1, а Јури Берчиче во 75. минута погоди за 3:2, но тоа беше сè што го направи баскискиот клуб.
Со трите поени, Бетис се искачи на 11. место на табелата со 22 поени, додека Атлетик останува на шестото место со 26 поени.
Претходно, Хетафе стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Еибар за да се искачи на четвртото место на табелата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци