Контакт

Спорт

Каков татко, таков син – Јунајтед се заинтересирани за Шмајхел

Објавено пред

Манчестер јунајтед сериозно размислуваат да го донеста на „Олд Трафорд“ Каспер Шмајхел од Лестер како замена за Давид де Хеа следната сезона, тврди британскиот „Сан“, со што Данецот би станал втор од неговото семејство кој застанал помеѓу стативите на славниот клуб по татко му Петер.

33-годишниот Шмајхел има уште три години од својот договор со „лисиците“, но би бил ефтина опција за Јунајтед во споредба со 27-годишниот Јан Облак од Атлетико, кој има клаузула во својот договор од над 110 милиони евра.

Според „Сан“, Оле Гунар Солскјер ја загубил довербата во Де Хеа по лошата сезона, а исто така смета дека 23-годишниот Дин Хендерсон, нивни голман кој игра на позајмица во Шефилд јунајтед не е подготвен за задачата.

Од друга страна, Шмајхел се покажа како сигурна опција на голот на Лестер во шампионската сезона од 2016 и во текот на пласманот во четврт-финалето на ЛШ пред три години. Со седум години искуство на голот на данската репрезентација, тој може да биде совршен за плановите на Солскјер.

Спорт

Александер-Арнолд е најдобриот млад фудбалер во Премиер лигата

Објавено пред

Ѕвездата на Ливерпул, 21-годишниот Трент Александер-Арнолд е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во сезоната 2019/20, победувајќи тројца фудбалери на Манчестер јунајтед за трофејот.

Десниот бек имаше 4 гола и 13 асистенции во 38 настапи во Премиер лигата во 2019/20 и само Кевин де Брујне имаше повеќе асистенции во текот на лигата, помагајќи Ливерпул да ја освојат првата лигашка титула по 30 години.

Фудбалерот кој произлезе од академијата на Ливерпул победи седум други играчи во изборот, вклучувајќи ја тројката на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, Антони Марсијал и Маркус Рашфорд, како и Џек Грилиш (Астон вила), Кристијан Пулишиќ и Мејсон Маунт (Челси) и Дин Хендерсон (Шефилд јунајтед). Александер-Арнолд исто така е номиниран за најдобар играч во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИА го забрани квалификацискиот мод, најголема жртва е Мерцедес

Објавено пред

Од Белгиското ГП во Спа, Формула 1-тимовите нема да може да го користат таканаречениот квалификациски мод на моторите на своите болиди, одлучи ФИА.

Досега болидите имаа разни сетинзи на моторите за квалификациите и тркањето, но Федерацијата реши дека нема да се користи поинакво дотерување на болидот за да се добие максимална брзина за еден круг.

Целта на одлуката на ФИА е да се има поинтересно тркање бидејќи досега беше јасно дека Мерцедес може да направи многу поголем скок во перформансите на квалификациите во споредба со ривалите, така што е јасно дека правилото е насочено против шесткратните шампиони. Од трката во Спа тимовите нема да може да ги допрат своите болиди помеѓу квалификациите и трката, ниту да прават модификации на моторите.

Останува да се види како ќе влијае ова на болидите со мотори на Мерцедес, а се очекува, покрај фабричкиот шампионски тим, драстично намалени перформанси во квалификациите да имаат Рејсинг поинт и Вилијамс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арсенал го потврди Вилијан, Бразилецот со плата од 220.000 фунти неделно!

Објавено пред

Арсенал, конечно, потврди дека го добил потписот на бразилскиот ветеран на Челси, Вилијан, со фантастичен договор на три години со неделна плата од 220.000 фунти, а менаџерот Микел Артета вели дека се работи за фудбалер што може да биде клучен за „топчиите“.

Пристигнувањето на 32-годишниот Бразилец беше потврдено од Арсенал, кој му го доделува дресот со број 12 на фудбалерот чиј договор со Челси заврши ова лето. Иако неговата плата е помала од таа што ја заработуваше кај „сините“, сумата налути дел од навивачите на Арсенал, особено бидејќи клубот претходно објави дека отпушта 55 луѓе од тимот поради корона-кризата.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд бриџ“ и Артета е воодушевен што го доби ова лето.

„Го следевме последните неколку месеци и сметавме дека тој е човек што може да ни го засили средниот ред, фудбалер со голема еластичност кој може да игра три-четири позиции. Има огромно искуство и огромна амбиција“, вели Артета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање....

Македонија2 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа,...

Топ2 часа

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ3 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија4 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија4 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ5 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет5 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет6 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет8 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет17 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет17 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа18 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија20 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија20 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ22 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија22 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија24 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 ден

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие