Спорт
Калин Ивановски со најдобар АТП ранкинг во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го има најновиот ранкинг на АТП листата во досегашната кариера. Тој по триумфот на ИТФ турнирот во Мадрид направи скок од 17 позиции на најновото рангирање на светските тенисери.
Калин Ивановски се најде на 610. место на АТП-листата и во последните четири месеци забележа напредок од дури 464 позиции.
На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, зад него е неговиот сонародник Рафаел Надал, по кој следуваат Каспер Руд и Стефанос Циципас. На петтата позиција е Новак Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евертон ќе го именува Шон Дајш за нов менаџер

Англискиот стручњак Шон Дајш ќе биде новиот менаџер на Евертон, кому му претстои тешка битка за опстанок во Премиерлигата. Откако му се заблагодарија на Френк Лампард за соработката, челниците на Евертон почнаа да бараат негов наследник.
Нивниот прв избор беше Марсело Биелса, но според островските медиуми не постигнале договор со поранешниот тренер на Лидс, па се насочиле кон други решенија.
Одлуката е донесена, Дајш до крајот на денот треба да биде именуван на клупата на славниот англиски клуб.
Дајш го водеше Барнли од клупата во изминатите десет години, а беше и на кормилото на Вотфорд.
Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфинале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.
Спорт
Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбал: Македонија ЃП загуби од Берое

Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбалски натпревари на подготовките во Анталија. И покрај дел од бугарските клубови кои одбија да играат, сепак, денеска беше одигран меч меѓу Македонија ЃП и Берое.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби од бугарскиот тим Берое со 3:2.
Кристијан Стојковски донесе водство за Македонија ЃП, а на почетокот на второто полувреме Берое израмни преку Вини Трибуле.
Во 80. минута Дамјан Јорданов се погрижи за пресврт, а потоа Трибуле постигна втор погодок за 3:1. Конечниот епилог го постави Славков.