Спорт
Канаваро: Би било трагично Италија повторно да пропушти мундијал

Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на генерацијата што дојде со светската титула, Фабио Канаваро, верува дека „аѕурите“ ќе успеат да се пласираат на Светското првенство во Катар. Тие играат против Македонија в четврток во Палермо во првиот плејоф-меч во разигрувањето за мундијалот.
„Прва пречка е Македонија во Палермо. Би била катастрофа ако не се пласираме на мундијалот. Мора да им дадеме поддршка на репрезентативците да успеат во ова дополниотелно разигрување. Штета е што лесно ја прокоцкавме шансата директно да се пласираме на СП, но сега мора сите сили да се насочат кон две победи, првин против Македонија, а потоа против Португалија или Турција“, изјави Фабио Канаваро.
„Аѕурите“ денеска ги почнаа подготовките, а селекторот Роберто Манчини го повика Матија де Шилјо на местото на повредениот Џовани ди Лоренцо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса со нова победа над Флензбург патува на Ф4

Барселона им се приклучи на Веспрем и Кјелце на фајналфор-турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите откако и во реваншот на домашен терен со 27:24 го совладаа Флензбург. Актуелниот десеткратен европски шампион имаше предност од четири гола од првиот меч (33:29).
Пред домашната публика во „Палау Блауграна“, Барса бргу дојде до 6:3 предност, но гостите покажаа дека дојдоа да се надигруваат успевајќи да израмнат на 6:6 и потоа да го преземат водството. Барселона не успеа резултатски да се одлепи до последните минути од мечот кога Јанц и Циндриќ со серија ја обезбедија клучната предност.
Дика Мем беше најефикасен за Барса со 6 гола, Јусеф Бен Али имаше 5, Лука Циндриќ 4, а за Флензбург, Хампус Ване, заврши со шест гола.
Кил ќе се обиде да обезбеди барем еден германски тим на Ф4 во Келн кога вечерва ќе го пречека Пари Сен-Жермен откако на првиот меч во Франција беше израмнето (30:30).
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 1/4 ФИНАЛЕ
Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33
Кил – Пари Сен-Жермен 20.45 ч, прв меч 30:30
Вчера играа:
Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36
Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28
Спорт
Мициќ го крена Ефес во белградскиот трилер со Олимпијакос

Актуелниот шампион во Евролигата, Анадолу Ефес, ја доби интересната и драматична пресметка со грчкиот Олимпијакос во Белград со 77:74 (18:21, 24:22, 24:20, 11:11) за да се пласира во финалето на фајналфор-турнирот и да го чека шпанскиот противник во големото финале.
По петгодишна пауза, Олимпијакос се врати на фајналфор-турнирот со големи амбиции, кои ги покажаа со одлична игра во првата четвртина добивајќи ја со 21:18, но актуелниот шампион се врати и направи предност од 11 поени пред таа да се стопи во последната четвртина, во која двата тима беа крајно непрецизни. Во финишот Олимпијакос дојде на само -1 (70:71) за во последната минута да израмни на 74:74. Тогаш на сцена стапи Василије Мициќ, кој во последниот напад постигна фантастична тројка за големо финале.
Во второто полуфинале на елитното европско натпреварување, во 21 часот ќе се судрат вечните ривали Барселона и Реал Мадрид.
Vasilije Micic takes @AnadoluEfesSK TO THE FINAL!!!#F4GLORY I #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/L96JNFocgV
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 19, 2022
Спорт
Анчелоти: Бејл направи многу за Реал, треба да добие чесно збогување

Карло Анчелоти се надева дека Герет Бејл ќе добие вистинско збогување од навивачите поради работите што ги направил за Реал Мадрид пред последниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ в петок против Реал Бетис.
Велшанецот пристигна во Шпанија како најскап фудбалер на светот во 2013 година од Тотенхем и со нив освои три титули од Ла Лига и четири од Лигата на шампионите, но последните сезони се мачеше со физичката поготвеност, беше пратен на заем во Тотенхем во 2020/2021 и честопати беше пречекуван со свирежи од навивачите.
„Не е важно дали ќе игра, важно е тоа што Бејл е дел од историјата на овој клуб. Тој секогаш ќе остане во сеќавањата на навивачите на Реал Мадрид. Напиша дел од големите поглавја на клубот и тоа мора да се признае“, вели Анчелоти.