Спорт
Кари и Бриџис – најдобри во првата НБА недела во новата сезона
Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари и крилниот кошаркар на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис се најдобрите играчи во првата недела во НБА лигата во новата сезона.
Кари е прогласен за играч на неделата на Западот, додека Бриџис е најкорисниот кошаркар на Истокот.
Во првите три меча Кари беше фантастичен, а Вориорси дојдоа до три победи. Тој уфрлуваше во просек по 31 поен, надополнети со 9 скока и 7 асистенции.
Бриџис, пак, исто така запипа три триумфи, со просек од 25 поени и 8 скока.
NBA Players of the Week for Week 1.
West: @StephenCurry30 (@warriors)
East: @MilesBridges (@hornets) pic.twitter.com/1hv3aclCpq— NBA (@NBA) October 25, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ стана рекет број 1 без да игра: тој е повторно најдобар тенисер на светот

Во петокот Новак Ѓоковиќ пристигна во Монте Карло каде ги започна последните подготовки за сезоната, а таму кога се разбуди го дочека веста дека е повторно најдобриот тенисер на светот.
За тоа овојпат не може да се заблагодари себеси и резултатите на теренот.
Имено, Карлос Алкараз не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Мајами и неговата серија од 10 натпревари без пораз заврши во полуфналето против Јаник Синер.
Синер во возбудлив меч го совлада Шпанецот со 2:1 (6:7, 6:4 и 6:2). Неизвесен беше првиот сет, а Синер прв направи брејк на противничкиот сервис, па Алкараз се врати во игра и во тај-брејк успеа да го добие сетот.
Направи Синер прв брејк и во вториот сет, па Алкараз повторно возврати, меѓутоа во деветтиот гем Синер одново направи брејк, па со 6:4 го освои сетот и израмни на 1:1.
Третиот сет донесе доминација на Италијанецот и во него освои два брејка и во меч кој траеше три часа и три минути го елиминираше Алкараз. Оваа елиминација за шпанскиот тенисер значи дека Новак Ѓоковиќ од понеделник се враќа на врвот на АТП листата.
Спорт
Нестварен кикс на голманот Кобел, Баерн ја „гази“ Борусија

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во овие моменти го играат дерби мечот во Бундес лигата. На клупата на Баварците дебитира новиот тренер Томас Тухел.
Како сега стојат работите, на Борусија и се заканува вистински дебакл,
Борусија подобро започна, но работите се сменија по нестварната грешка што ја направи голманот на „милионерите“, Кобел.
Во 13 минута, Упамекано испрати долга топка кон Сане од својата половина. Кобел истрча на 16 метри промаши чиста топка која на крајот заврши во неговиот гол.
𝐆𝐎𝐀𝐋 | 𝖡𝖺𝗒𝖾𝗋𝗇 1-0 𝖣𝗈𝗋𝗍𝗆𝗎𝗇𝖽 (𝖴𝗉𝖺𝗆𝖾𝖼𝖺𝗇𝗈) pic.twitter.com/yONKYSgLvf
— EuroFoot (@eurofootcom) April 1, 2023
Во наредните десет минути, Томас Милер постигна два гола, во 17. и 23.минута, со што практично го реши дербито.
𝐆𝐎𝐀𝐋 | 𝖡𝖺𝗒𝖾𝗋𝗇 2-0 𝖣𝗈𝗋𝗍𝗆𝗎𝗇𝖽 (𝖬𝗎𝗅𝗅𝖾𝗋) pic.twitter.com/4Z1Aj984NS
— EuroFoot (@eurofootcom) April 1, 2023
Спорт
Барди постигна гол, Трабзон загуби од Кајсериспор

Актуелниот шампион на Турција, Трабзон уште еднаш киксна на домашен терен. Во рамките на 27.коло во турската Супер лигата, Кајсериспор славеше во Трабзон со 4:3.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, играше во второто полувреме и успеа да постигне гол. Во 54.минута тој реализираше пенал и го израмни резлтатот на 3.3. Инаку ова беше петтиот гол за Барди од почетокот на сезоната во Турција.
Трабзон успеа да се врати по минусот од два гола (1:3), на крајот победникот го реши Карлос Мане во 63.минута.
Трабзон се петти на табелата со 44 бода, Кајсериспор се седми со 41 бод.
GOL | Trabzonspor 3-3 Kayserispor
⚽️ 53' Bardhi (P)
Sizce penaltı kararı doğru mu?
Önemli pozisyonlar, anlık goller için takip @xoxsports#Trabzonspor #Kayserispor #TSvKYSpic.twitter.com/0JO2atOSCg
— XOX Sports (@xoxsports) April 1, 2023