Спорт
Кари не погоди ништо, Финикс во дербито ги победи Голден стејт

Финикс санс го доби дербито на двете најдобри екипи во НБА-лигата. Санси славеа во дуелот со Голден стејт вориорс, 104:96. Натпреварот го обележа повредата на Девин Букер и лошото издание на Стеф Кари.
Натпреварот во „Футпринт центар“ донесе голема борба до самиот финиш, кога Санси првпат на натпреварот стекнаа двоцифрена предност. На крајот Финикс ја забележа 17. победа во низа. На наредниот меч, со Детроит, ќе имаат можност да го изедначат клупскиот рекорд.
Диандре Ејтон забележа 24 поени и 11 скокови, Крис Пол имаше 15 поени и 11 асистенции. На спротивната страна Џордан Пул со 28 поени беше најефикасниот играч на теренот. Стеф Кари погоди само три тројки оф 14 обиди, мечот го заврши со 12 поени.
Санси од втората четвртина играа без Девин Букер, кој се повреди.
Двата тима сега имаат скор од 18 победи и три порази.
Неизвесно и возбудливо беше во дербито на Њујорк. Бруклин со поените на Џејмс Џонсон од линијата за слободни фрлања го порази Њујорк никс, 112.110.
Кевин Дурент мечот го заврши со 27 поени. Најдобар на теренот беше Џејмс Харден со 34 поени, 10 скока и осум асистенции. Њујорк го предводеше Џулиус Рендл со 24 поени, девет скока и осум асистенции.
Лејкерси, без Леброн Џејмс, го декласираа Сакраменто, 117:92. Џејмс, поради здравствените протоколи не настапи во Сакраменто. Ентони Дејвис уфрли 25, а Расел Вестбрук 23 поени за Лејкерси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Никлас Фулкруг блесна во дресот на фудбалската репрезентација на Германија и со два гола донесе победа од 2:0 на пријателскиот натпревар против Перу. Овој меч се одигра во Мајнц, а Германците беа подобар ривал.
Фулкруг го отвори резултатот во 12.минута, а потоа уште еднаш стрелаше во 33.минута.
Каи Хаверц во второто полувреме не реализира пенал за уште поубедлив триумф.
Спорт
Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Поранешниот европски и светски првак, селекцијата на Шпанија, одлично го отвори новиот циклус квалификации за ЕП 2024 откако ја совлада Норвешка со 3:0. Реновирана „црвена фурија“ која сега ја предводи Луис де ла Фуенте, поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута. Во финишот Хоселу со два гола го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Хрватска имаше водство до судиското продолжение, а потоа Велс постигна гол за израмнување (1:1) на „Пољуд“. Андреј Крамариќ во 28.минута донесе предност за „коцкестите“, а израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија беше подобра од Андора на гости и славеше со 0:2.
Спорт
Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име

Заедно со бројот на освоени награди во текот на кариерата, Лионел Меси доби уште едно признание. Неговото име од денеска ќе ја краси базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес.
На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци на „албиселесте“, комплексот го доби своето ново име.
„Ви благодарам за признанието, толку е возбудливо“, изјави Меси. „Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале оттука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, истакна аргентинскиот ас.
The unveiling of the Lionel Messi plaque.pic.twitter.com/RZDO7J2YJC
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 25, 2023