Спорт
Касемиро: Нема фаворит во полу-финалето
Реал Мадрид преку Ливерпул изборија полу-финале во Лигата на шампионите. Реал победија во првиот меч со 3:1, а синоќа во реваншот, во Ливерпул одиграа 0:0. За пласман во финалето, Реал ќе игра против уште еден англиски тим, Челси.
Фудбалерот на Реал, Касемиро, смета дека во полу-финалето нема фаворит.
„Знаевме дека ќе биде тешко, посебно поради ривалот кој стоеше пред нас. Добро работевме, секој ја изврши својата задача. Знаевме дека имамме предност, но игравме за победа. Ливерпул е енергичен тим, имаат добар тренер, но клучот е во работата на теренот, тоа го реши победникот“, рекол Касемиро.
Во наредната фаза, за две недели, Реал ќе игра против Челси.
„Нема фаворит. Сега размислуваме само за наредниот меч во Ла Лига“, заклучил Бразилецот.
Полу-финалните дуели на програмата се на 27. и 28 април. Во второто полу-финале ќе играат Манчестер сити и ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.
Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.
Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.
„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.
Спорт
Роча обвинет за корупција
Портпаролот на Владата на Шпанија објави дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ), Педро Роче е обвинет за корупција. Роче во август минатата година го наследи разрешениот Луис Рубиалес.
Претседателот на Вишиот совет за спорт, Хозе Мануел Родригез Урибес, на парламентарно сослушување изјави дека го свикал состанокот на комисијата откако спортскиот трибунал отворил случај против Педро Роча и раководството на федерацијата за сериозни обвинувања за корупција во Фудбалскиот сојуз на Шпанија и, како што наведе, недолично однесување.
„Ќе ги преземеме сите мерки за да и го вратиме на угледот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија“, изјави Урибес.
Роча, беше вршител на должноста претседател на бил в. г. претседател на ФСШ и се надеваше дека ќе биде трајно именуван во текот на следниот месец, но наместо тоа може да заврши во затвор.
Националниот сојуз се обидува да сврти нова страница по споменатиот скандал, но се чини дека и нема крај на приказната која многумина во оваа земја ја сметаат за срамна.
Истрагата против Рубиалес и неговите соработници започна во јуни 2020 година, а поттик беше спорниот договор за десетгодишната организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, во кој учествуваше и компанијата „Космос“, на поранешниот фудбалер на Барселона, Џерар Пике.
Едноставно кажано, се шпекулираше дека Рубиалес и другите, меѓу кои и Пике, неовластено ставале пари во свои џебови наместо во касата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Роча беше потпретседател и шеф на финансискиот комитет кога ФСШ го потпиша тој договор, па логично е тој да се најде на списокот на осомничени, можное да биде обвинет за финансиска измама.
Поради скандалот што го тресе Фудбалскиот сојуз на Шпанија, загрозена е позицијата на Шпанија како организатор на СП 2030 година заедно со Португалија и Мароко.
Спорт
Гвардиола: Во кој било друг спорт ќе победевме
Пенал рулетот им пресуди на фудбалерите на Манчестер сити. Актуелните европски шампиони испаднаа од Реал во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По 3:3 во Мадирд, реваншот во Манчестер заврши 1:1. Пенал серијата Реал ја доби со 4:3, Едерсон го одбрани пеналот на Мордиќ, а потоа Лунин ги надмудри Силва и Ковачиќ.
Манчестер сити не успеа да го добие натпреварот во кој имаше 67 отсто од поседот на топката, 33 удари кон голот (девет во рамките) и 18 корнери.
Разбирливо е дека тренерот Пеп Гвардиола беше фрустриран во своите изјави.
„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме. Не жалиме за ништо што направивме, одигравме одлично на сите делови од теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси да одиме понатаму, но фудбалот важно е да постигнувате голови. Јохан Кројф велеш дека среќата не постои. Се согласувам со него. Ваквиот пораз боли. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Што друго можевме да направиме? Немам што повеќе да кажам?”, изјави Гвардиола.
Слично размислува и играчот од средниот ред на Сити, Родри: „Искрено, вечерва играше само еден тим“.