Контакт

Спорт

Касилјас: Заминувањето беше трауматично, но Реал е мојот дом!

Објавено пред

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас вели дека неговото заминување во 2015 година од Реал Мадрид во Порто било трауматично, но тој вели дека, без оглед на се, „Кралскиот клуб“ е неговиот дом.

Екс-голманот на Реал и на „Фуријата“ на почетокот на месецов официјално соопшти дека ја завршува играчката кариера. Во шпанските медиуми се појави информација дека Касилјас ќе му биде советник на првиот човек на „Карлевите“, Флорентино Перез.

„Моето заминување беше трауматично, но тоа е мојот дом. Тоа беше како развод на брак, имаше грди зборови, но како поминуваше времето, се се смири. Две-три години по моето заминување од Реалимав подобар однос со Перез и тој ми рече дека морам да бидам во клубот. Ќе разговараме сега затоа што Реал е мојата куќа и мојот живот. Флорентино неодамна ме викна и ми рече дека има понуда за мене. Сега кога сум во Мадрид, ќе разговараме“ изјави Касилјас за шпански „АС“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Швајцарците бараат затворска казна за претседателот на ПСЖ

Објавено пред

Швајцарското обвинителство побара претседателот на Пари Сен-Жермен и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке да добијат затворски казни за својата улога во корупцискиот скандал околу доделувањата на ТВ-правата од Светските првенства.

Обинителите бараат 28-месечна казна затвор за Ал-Хелаифи, кој е и претседател на „БеИН медија“ и три години казна за Валке на судењето во Белинцона, објави швајцарската новинска агенција „АТС“.

Обвинителството тврди дека Валке барал помош од Катарецот во текот на летото 2003 за купување на луксузна вила на Сардинија, во исто време кога катарската „БеИН“ преговараше за продолжување на ТВ-правата во Северна Африка и Блискиот Исток за СП во 2026 и 2030. Ал-Хелаифи ја купил куќата за 5 милиони евра преку компанија која веднаш била префрлена во сопственост на брат на еден од неговите соработници, пред да биде префрлена на Валке.

Двајцата тврдат дека договорот е „приватна работа“, и дека нема никаква врска со договорот на „БеИН“ комплетиран во април 2014 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Скандал мајсторот Гулбис навредуваше фотограф на Ролан Гарос

Објавено пред

Познатиот тениски скандал мајстор, Летонецот Ернест Гулбис имаше нов испад во квалификациите за грен слем турнирот во Париз, Ролан Гарос.

При квалификацискиот меч против Италијанецот Марко Чекинато, Гулбис во еден момент вербално го нападна официјалниот фотограф сметајќи дека тој премногу се движи со што го деконцентрира. Тоа што фотографот барал подобра положба за да си ја заврши својата работа го налути Летонецот, па тој го нарече „француски кретен“.

Инаку, Гулбис беше елиминиран во два сета од Чекинато (6-4 и 7-5).

Да биде неволјата уште поголема, на крајот на мечот се измачи да го напушти теренот очекувајќи некој да ја отвори вратата крај теренот.

Погледнете:

За потсетување, Гулбис е познат како тенисер кој жртвуваше голема кариера поради несредениот живот.

Беше уапсен во Шведска поради ноќ помината со проститутки, а најмногу го сака турнирот во Ротердам поради легализираното користење на марихуаната.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поради бизарна грешка, Рома загуби од Верона на „зелена маса“

Објавено пред

На отворањето на сезоната во Серија А, Верона и Рома одиграа нерешено без голови. Сепак, официјално Верона ќе дојде до службени 3 бода од тој меч, и тоа со гол разлика 3:0.

Причина за ваквиот развој на настаните е грешката што ја направија челниците на тимот од Рим.

Играчот од средниот ред на „волчицата“, Амаду Дијавара, по грешка се нашол на списокот на играчи на Рома помлади од 22 години. Кога клубовите го предаваат списокот со фудбалери, вкупно се 25, има играчи што се под и над 22-годишна возраст.

Грешката настанала кога играчот од Гвинеја во јули го прослави својот 23-ти роденден, па поради тоа, тој веќе не смеел да биде во списокот на играчит до 22 години.

Одлуката на Италијанската фудбалска федерација е Рома да се казни со службен пораз по што има најави дека „волчицата“ ќе се жали затоа што со оваа грешка не стекнала никаква корист.

Инаку, Дијавара на мечот во Верона беше стартер и играше сè до 89. минута. Минатата сезона одигра 30 меча за Рома.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија56 минути

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет2 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија6 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија8 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија8 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет8 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа10 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт10 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија11 час

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија11 час

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет12 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија12 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија12 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија13 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија22 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Досие