Контакт

Спорт

Кастровили, конечно, обезбеди победа за Фиорентина

Објавено пред

Фиорентина стигна до тешко извојувана 3:2 победа над Удинезе, втора од стартот на италијанскиот шампионат, благодарејќи на Гаетано Кастровили, кој постигна два гола и имаше една асистенција.

Кастровили прво во 11. минута се најде на вистинското место по една мешаница пред гостинскиот шестнаесетник, за во 21. минута да му асистира на Никола Миленковиќ за 2:0. Удинезе вратија еден гол преку Стефано Окака пред крајот на полувремето, но Кастровили повторно стрелаше во 52. минута со прекрасен удар.

Окака во 82. минута успеа да намали на 3:2, но трите поени останаа во Фиренца. Илија Несторовски повторно не беше во тимот на Удинезе, кој има само една победа во пет кола во Италија. Фиорентина се на 10. место со седум освоени поени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Летечкиот“ Златан двапати стрелаше и ги врати Милан на првото место

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ покажа дека е клучниот фудбалер на Милан, постигнувајќи два гола за импресивна 3:1 победа на гости кај Наполи, за да ги врати „росонерите“ на првото место во Серија А со шеста победа во осум меча оваа сезона.

Ибрахимовиќ пропушти два меча од италијанската лига откако беше позитивен на КОВИД-19, но во другите шест меча има постигнато вкупно 10 гола, што е неверојатен скор за фудбалер кој наполи 39 години.

Златан прво го „начна“ тимот на Џенаро Гатузо во 20-тата минута, кога доби фантастична топка од Тео Ернандез и постигна уште поубав гол со глава. Во 54. минута, ова водство беше удвоено, кога Анте Ребиќ одлично го најде Златан во шестнаесетникот за 0:2.

Наполи, за кои Елиф Елмас влезе во 90-тата минута, успеаја да вратат гол разлика преку Дрис Мертенс во 63. минута, но само две минути подоцна домаќините останаа со играч помалку, откако поранешниот фудбалер на Милан, Тиемуе Бакајоко заработи втор жолт картон за старт одзади. Јенс Хауге го постави конечниот резултат во 94-тата минута за комплетирање на одличната победа.

Милан се вратија на првото место на табелата со 20 поени, два повеќе од Сасуоло и три пред Рома, додека Наполи се шести со 14 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул го „демолираше“ Лестер, но го загуби и Кеита!

Објавено пред

Шампионот Ливерпул со 3:0 ги совлада Лестер за да се израмни со Тотенхем на врвот на Премиер лигата, но „малерот“ со повредите продолжи откако и фудбалерот од средниот ред, Наби Кеита мораше да биде заменет поради повреда.

Џони Еванс си постигна спектакуларен автогол уште во 21. минута од мечот за предност на „црвените“, пред новиот миленик на фановите, Диого Жота да постигне прекрасен гол во 41. минута за удвојување на водството.

Кеита, кој беше стартер и имаше одличен меч, во 54. минута побара да биде заменет, откако имаше проблеми со десната нога. Тој се приклучува на долгата листа на повредени фудбалери на Јирген Клоп по Виргил ван Дајк, Џо Гомез, Тијаго Алкантара, Алекс Окслејд-Чембрлен, како и Мохамед Салах, кој е позитивен на КОВИД-19. Точка на мечот стави Роберто Фирмино во 84. минута за убедлива победа.

Ливерпул сега имаат 20 поени на второто место на табелата, и Тотенхем се пред нив само поради подобрата гол-разлика, додека Лестер остануваат четврти со 18 поени, колку што има и третопласираниот Челси.

Прикажи повеќе...

Спорт

Неверојатниот Медведев на врвот на светот!

Објавено пред

Данил Медведев на совршен начин стави крај на сезоната, која како конечно да најави преземање на тенисот од новата генерација, совладувајќи го во одличен меч, Доминик Тим со 4:6/7:6(2)/6:4 за освојување на титулата од елитниот завршен турнир од сезоната, АТП финалето во Лондон.

Двајцата тенисери стигнаа до пресметката за титулата победувајќи двајца тенисери кои доминираа во последните децении – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, и фановите имаа шанса да видат како ќе изгледа блиската иднина на тенисот.

Тим, кој веќе се етаблираше со својата прва гренд слем титула во кариерата на САД опен оваа сезона, започна одлично и со брејк дојде до првиот сет, по што имаше епска битка во вториот сет, во која Медведев покажа повеќе нерви во тај-брејкот. Русинот стигна до третиот сет со еден освоен брејк.

Ова беше неверојатен 10-ти меч во низа кој го добива Медведев, откако на финалето во Лондон не загуби ниту еден меч и ги совлада Ѓоковиќ и Надал на патот до финалето. За 24-годишниот Русин ова е деветта титула во кариерата, во која освои три Мастерс 1000 титули и уште го чека гренд слем успехот – засега најголемо остварување му е финалето на САД опен минатата година, кога загуби од Надал.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија7 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија7 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет7 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет8 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион10 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија11 час

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија13 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија14 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија14 часа

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија15 часа

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Македонија16 часа

Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474...

Македонија17 часа

Заев за Денот на албанската азбука: Градиме општество со почит кон етничките разлики

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност,...

Свет18 часа

Трамп загуби на суд во Пенсилванија, републиканците бараат да го признае поразот

По новиот пораз во судот во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок од републиканците да се...

Европа18 часа

СЗО: Европа ќе се соочи со трет бран на почетокот на годината, ако владите не спречат ширење

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година,...

Македонија1 ден

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.182 нови случаи на Ковид 19, починаа 25 лица

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31,...

Македонија1 ден

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 825 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни...

Македонија2 дена

Заев за „Франсе прес“: Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“

Свежата блокада на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот...

Досие