Спорт
Кеј-Ди стана малцински сопственик на ПСЖ

Славниот американски кошаркар Кевин Дурант, преку својата компанија, стана малцински сопственик на актуелниот шампион на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.
Компанијата на Дурант „Boardroom Sports Holdings, LLC“ склучи договор со мнозинскиот сопственик на клубот, Катарскиот инвестициски фонд (QSI), за соработка и инвестиции во Пари Сен Жермен.
Еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња веќе некое време ги поддржува Парижаните на различни начини, тој е чест гостин на натпреварите, а соработката сега е подигната на повисоко ниво.
„Преку ова партнерство, Дурант, преку „Boardroom“, ќе стекне директен малцински удел во клубот“, се наведува во соопштението на клубот.
Исто така, претходно оваа недела, компанијата во мнозинска сопственост „Qatar Sports Investments“ и „Boardroom Sports Holdings“ потпишаа договор за купување акции и стратешко партнерство, со што се формализира директниот влез на Дурант како малцински акционер во ПСЖ.
Ова партнерство, според соопштението, вклучува широк спектар на комерцијални, инвестициски и иницијативи за производство на содржини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ред Бул го отпушти Хорнер!

Шефот на тимот на Ред Бул во Ф1, Кристијан Хорнер, е отпуштен. Шокантни вести од Формула 1 велат: Ред Бул го отпушти Кристијан Хорнер и отпуштањето стапува на сила веднаш!
Хорнер е во Ред Бул повеќе од 20 години, а сега ќе биде заменет од шефот на тимот на Рејсинг Булс, Лоран Мекис.
Кристијан Хорнер ја плати цената за лошите резултати на тимот во изминатите 18 месеци и сега Ред Бул падна на четвртото место во шампионатот на конструктори.
Макс Верстапен победи само двапати оваа сезона и генерално се мачи и за себе и за Ред Бул воопшто, додека брилијантниот Адриан Њуи замина за Астон Мартин, како и Џонатан Витли кој стана шеф на Заубер.
Макс Верстапен неодамна беше поврзуван со Мерцедес, иако има договор до 2028 година.
Како што веќе споменавме, Мекис ја презема улогата на Хорнер во Ред Бул, додека Алан Перман станува нов шеф на тимот на Рејсинг Булс.
Спорт
Биберовиќ ја одби НБА – останува во Фенербахче

Тарик Биберовиќ го продолжи договорот со Фенербахче. Истанбулскиот Фенербахче ги загуби Марко Гудуриќ, Ерик Мекалум, Најџел Хејс-Дејвис и Дејшон Пјер ова лето, а се веруваше дека и Тарик Биберовиќ ќе замине.
Според турските медиуми, Биберовиќ ќе го продолжи договорот со шампионот на Евролигата.
Тој имаше понуда од Мемфис Гризлис на маса, но одлучи да ја одбие поканата од тимот од Тенеси и да не се приклучи на друштвото на Томас Исало, туку да остане дел од тимот на Шарунас Јасикевчиус.
Во сезоната 2024/25, Биберовиќ имаше 10,4 поени по натпревар во Евролигата, со 3,1 скока и 1,4 асистенции.
Фото/ EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Спорт
ФК Партизан ги претстави новите дресови

Фудбалскиот клуб Партизан претстави нов сет дресови, а најголемо внимание привлече враќањето на бордо-сината комбинација, која има речиси култен статус меѓу навивачите.
Иако црно-белите дресови се заштитен знак на клубот од Хумска со години, токму овој втор сет стана симбол на една од најуспешните ери на Партизан, особено откако го носеа за време на нивниот настап во Лигата на шампионите во 2003/04 година, кога италијанскиот Капа го дизајнираше тој модел за прв пат.
Новиот договор со италијанскиот производител на спортска опрема му носи на клубот повеќемилионска сума, а соработката е договорена за три години. Првиот сет останува класичен црно-бел и се користи за домашни натпревари, додека резервниот бордо-син дрес ќе биде наменет за гостински натпревари, особено кога боите не можат да се совпаднат со домаќинот. Третиот дрес е инспириран од легендарни играчи како Драган Манце и Момчило Моца Вукотиќ и историските успеси на клубот.
Враќањето на бордо-сината комбинација не е случајно – тоа е дрес кој стекна статус на еден вид фетиш меѓу навивачите, а го носеле и познати играчи како Стеван Јоветиќ, Алмаџи Мореира и Ламине Диара. По 13-годишна пауза, раководството одлучи да го врати овој сет, кој има јасна маркетиншка димензија, но и носталгична нота, бидејќи потсетува на времето кога Партизан беше конкурентен во Европа.