Спорт
Кејн пресече: Останувам во Тотенхем ова лето!
Хари Кејн пресече и на Твитер напиша дека летово останува во Тотенхем иако долг временски период траеја преговорите за негов трансфер во Манчестер Сити.
„Ќе останам во Тотенхем ова лето и ќе бидам 100 проценти фокусиран на запишување успеси со клубот“ напиша Англичанецот.
It was incredible to see the reception from the Spurs fans on Sunday and to read some of the messages of support I've had in the last few weeks. ?⚽
I will be staying at Tottenham this summer and will be 100% focused on helping the team achieve success. #COYS pic.twitter.com/uTN78tHlk1
— Harry Kane (@HKane) August 25, 2021
Информациите од Островот се дека капитенот на „петлите“ не сакал да ги наруши односите со клубот во кој е речиси целата своја кариера.
Пеп Гвардиола и Манчестер Сити инсистираа уште во овој, летен преоден рок да го доведат Кејн на „Итихад“, но до тоа не дојде.
Првиот човек на Спарси одби неколку понуди на „граѓаните“, па стана јасно дека Тотенхем нема да го променат ставот.
Графика: SofaScore
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави се предомисли, останува на клупата на Барселона
Чави Ернандез и наредната сезона ќе ја предводи екипата на Барселона.
Клупските челници од стадионот „Камп Ноу“ и Чави имаа средба во текот на денот и се договориле нивната соработка да продолжи.
Договорот бил постигнат во вилата на претседателот Џоан Лапорта.
Чави пред неколку месеци најави дека ќе си замине на крајот на сезоната, но се предомисли.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот потпишал нов едногодишен договор и дека во клубот со кој имаше многу успеси како играч ќе остане до 30 јуни 2025.
Барселона моментално е на второто место во Ла Лига, со 11 бодови помалку од лидерот Реал.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024