Спорт
Килде победи во Бивер Крик

Норвежанецот Александар Омот Килде е победник на вториот супер-џи сезонава одржан во Бивер Крик, САД.
Благодарение на одличното возење во последниот дел од патеката, Килде го запре времето на 1:10.73 минути, што беше доволно за неговиот трет триумф сезонава.
Второто место со точно 20 стотинки заостанување му припадна на актуелниот лидер во Светскиот куп, Швајцарецот Марк Одермат. Французинот Алексис Пантуро со минус од три десетинки се искачи на најниското скалило на подиумот.
Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 420 бодови, пред Килде кој сега е на 380. На третото место е Матијас Мајер со 186.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На Леброн му пречи славата: Не можам да одам на кафе како обичен човек

Леброн Џејмс, НБА мега-ѕвездата кому му недостасува уште 36 поени да го сруши вечниот рекорд на Карим-Абдул Џабар смета дека славата која ја има не е секогаш позитивна работа, посакувајќи да може да „влезе во ‘Старбакс’ како обичен човек’“.
38-годишниот Џејмс, кој според многумина има место меѓу најдобрите во историјата на спортот, вели дека не се жали на привилегиите кои ги има како милионер, но додава дека на моменти има „големи предизвици“ кога сака да прави нормални работи.
„Не сакам да кажам дека доаѓа премногу, но има моменти кога сакам да правам нормални работи. Би сакал да се прошетам нормално. Да влезам во кино, да почекам во редот за пуканки. Или во забавен парк, или во ‘Старбакс’ да ми го напишат името на моето кафе. Не седам и се жалам, секако, не. Но, понекогаш тоа е предизвик“, вели Леброн за „Њујорк тајмс“.
Спорт
Обвинителот во Торино во 2019 признал: Ги мразам Јувентус, навивам за Наполи!

Јавниот обвинител во Торино, Чиро Санториело, човекот кој го води случајот за финансиски измами во Јувентус, се најде на притисок на јавноста откако се појави контроверзно видео од 2019 година, во кое со страст зборува за фудбалот и признава: „Јас сум супер-фан на Наполи и ги мразам Јувентус“.
Иронично, изјавата на Санториело доаѓа во 2019 година, кога одговарал на прашања зошто го отфрлил случајот против Јувентус и нивниот тогашен претседател Андреа Ањели во 2016 година за прекршоци од ерата на „Калчополи“.
Сепак, ова не го намали бесот на навивачите на Јувентус и предизвика скандал во Италија, каде што дури и министерот за спорт, Андреа Абоди изјави дека треба да се види контекстот во кој е дадена таа изјава.
‼️“ODIO LA JUVENTUS”
‼️“COME PUBBLICO MINISTERO SONO ANTIJUVENTINO”
‼️“CONTRO I LADROCINI IN CAMPO”
questo è Ciro #Santoriello..PM che ha indagato sulla @juventusfc nell’inchiesta Prisma.
Questo paese mi fa sempre più schifo!pic.twitter.com/LcpRAyzoJ4
— RiD ThE RoCk™️ (@RidTheRock) February 6, 2023
Спорт
Ривалите на Сити бараат тие да бидат исфрлени од лига, но титулите да им „останат“

Премиерлигашките клубови, предводени од ривалите од големата шестка на англискиот фудбал (Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотенхем), сметаат дека Манчестер сити треба да бидат строго казнети ако се докаже нивната вина за прекршување на финансиските правила, односно да бидат исфрлени од лигата, но не се за одземање на титулите, бидејќи тоа би било „бесцелно“, тврдат британските медиуми.
Актуелните англиски шампиони од вчера по четиригодишна истрага се обвинети дека направиле над 100 прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата, криејќи го изворот на парите во клубот, декларирајќи само дел од платите на играчите и на тренерите и намерно попречување на истрагата. Случајот го покрива периодот од 2009 до 2018 година, и сега независна комисија ќе одлучи каква ќе биде казната – можна е казна со поени, исфрлање од лигата, но и поништување на нивните резултати.
„Ако овие работи се докажат, мора да има вистинска казна, а единствена која е доволно добра е тие да бидат исфрлени од лигата. Зборувме за цела деценија на криминал“, вели еден анонимен шеф на клуб за „Сан“.
Во исто време, извори од Манчестер сити, тврдат дека очекуваат Пеп Гвардиола да си замине од позицијата на менаџер на клубот пред да се дојде до конечна одлука во случајот. Каталонецот неодамна го продолжи договорот со Сити до 2025 година.