Спорт
Кирјос: Бекер е толку очаен за пари што понуди да ми биде тренер
Австралискиот тенисер Ник Кирјос и легендата на германскиот тенис, Борис Бекер, повторно отворија остра расправија на социјалните мрежи, а 25-годишниот Кирјос посочи дека Бекер бил толку очаен за пари што понудил да му биде тренер.
Кирјос и Бекер претходно се судрија поради спротивните мислења за Новак Ѓоковиќ и корона-фијаското на „Адрија турнејата“, а сега, откако Кирјос преку „Инстаграм“ се пофали дека е поинаков вид на тенисер од другите, Бекер, едноставно, му одговори: „Во твоите соништа“.
Кирјос му одговори бурно.
„Мразиш како мал групи. Се влечкаш наоколу како лош здив, можеби со надеж за повеќе лајка. За жал, никогаш нема да бидеш влијателен како мене“, одговори Кирјос.
На „Твитер“ следуваше уште една „боцка“.
„Од желбата да ми биде тренер, очигледно поради очајната потреба за пари, до мразење на „Инстаграм“. Живееме во чуден свет“, вели Кирјос.
Иако поранешниот светски број 1, Бекер, е далеку поуспешен тенисер од Кирјос, на социјалните мрежи е поинаку – Кирјос има 1,4 милион следбеници на социјалните мрежи, а Бекер само 290.000.
King Boris Becker with the knock-out punch got Nicholas Kyrgios’s drawers in a twist with just one comment ??? ! pic.twitter.com/SnNJCcdLfd
— Novak Not Djokovic ❄️ (@djokernole777) September 23, 2020
He’s gone from wanting to coach me, obviously for his desperate need of a pay check, to hating on my Instagram. Strange world we live in ????♂️
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) September 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.