Спорт
Кирјос: Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс

Се случи и тоа. Ник Кирјос има позитивен коментар за Новак Ѓоковиќ. Кирјос, кој минатата недела го нарече Ѓоковиќ „будала“, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, рекол дека „Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс“.
Кирјос, во интервјуто истакнал дека се чувствува сигурно во пресрет на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Тој рекол дека Ѓоковиќ мора да се однесува одговорно, бидејќи е пример за останатите играчи.
„Мислам дека е важно да се повикаат играчите на одговорно однесување, особено тоа треба да важи за оној кој е лидер на нашиот спорт“, рекол Кирјос.
„Технички, Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс, мора да им дава пример на останатите тенисери. Едноставно не беше вистинското време да го прави она што тој го правеше во екот на пандемијата. Сите ние правиме грешки и за нив треба да одговараме. Мораме да бидеме одговорни. Ние сме колеги, се натпреваруваме едни против други, но никој друг не го прозва за она што го правеше со својот турнир“, заклучил Кирјос.
Првиот Гренд слем во сезоната ќе започне на 8.февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Педри во аут најмалку три недели

Барселона скапо ја плати победата над Севилја (2:0), во дербито на колото, во Ла Лига. Роналд Куман одреден период остана без младиот Педри.
Играчот од редот за врска, кој сезонава ги одигра сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, се повреди во 71.минута и веднаш го напушти теренот.
„Педри се здоби со повреда на мускулот во долниот дел на левата нога“, се огласи Барселона со кусо соопштение.
Локалната телевизија „ТВ3“, извести дека Педри по мечот се движел со помош на патерици.
Се шпекулира дека Куман нема да може да смета на Педри најмалку три недели.
Спорт
Барселона победи во Севилја

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ со 2.0, во дербито на 25.коло. Со овој триумф, Барселона се искачи на второто место на табелата, со два бода помалку и два натпревари повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.
Лионел Меси, на кого судијата Хернандез Хернадез му „прогледа низ прсти“ и не во 44.минута не му го покажа вториот жолт картон, и пресуди на Севилја со асистенција и гол.
Првиот гол против индиспонираната Севилја го постигна Усман Дембеле во 29.минута. Конечниот резултат го постави Меси во 86.минута. Аргентинецот го постигна 19 гол во Ла Лига оваа сезона.
Спорт
Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

Домаќините не им препуштија ниту еден бод на гостите во првите четири натпревари, одиграни во рамките на 23.коло во Бундес лигата. „Птерди“ во головите на Келн и Шалке, пукнаа Баерн Минхен и Штутгарт, Борусија Дортмунд за едно полувреме ја прегази Арминија Билефелд, а Волфсбург, со играч помалку, ја победи Херта.
Баерн без проблеми се справи со Келн. По два гола постигаа Левандовски и Гнабри, а еден Чупо Мотинг, во победата од 5:1. Тунижанецот Скири беше стрелец на единствениот гол за Келн.
Штутгарт одиграа ефикасен натпревар против отпишаниот Шалке. Ендо ги постигна првите два гола за „швабите“, а потоа погодија и Калјџиќ, Клеман и Дидави. Стрелец за Шалке беше Колашинац, а Белараби промаши пенал.
Борусија Дортмунд, во второто полувреме ги постигна трите гола со кои ја победи Арминија. Дахуд, Санчо од пенал и играчот на Реал кој е позајмен во Дортмунд, Рениер беа стрелци.
Волфсбург со авто-голот на Клингер и голот на Лакроа ја победи Херта.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер