Контакт

Спорт

Кирјос пак правеше шоу во Мелбурн, на крајот го закачи и Ѓоковиќ

Објавено пред

Дури и по своите бизарни стандарди, Ник Кирјос имаше луд прв ден на Австралија опен поминувајќи го првото коло по што повторно се закачи со Новак Ѓоковиќ.

Кирјос имаше лош почеток на турнирот губејќи брејк од португалскиот квалификанте Федерио Фереира Силва за да губи со 0:2 по што првин пцуеше, а потоа ги запраша луѓето во неговиот бокс: „Будни сте? Кажувате едно нешто цел гем. Сериозно, се разбудивте?“

Како што продолжи битката со светскиот број 182, Кирјос потоа се обрати кон својот постар брат Кристос во боксот: „Кажи ѝ на твојата девојка да излезе од мојот бокс!“

Сепак, ова изгледа добро влијаеше на неговата игра и тој стигна до 6:4/6:4/6:4 победа над 25-годишниот Силва, кој иако е еден месец постар од него, Кирјос се обрати кон публиката: „Имајте малку почит за детето“.

По ова, тој призна дека работите не оделе најдобро.

„Лудак сум кога сум на теренот. Ова беше нешто што се случува во жарот на борбата. Сите емоции што се собираат. Мора да го искажам тоа за да се смирам и да играм добар тенис“, изјави Кирјос.

Неизбежно, потоа дојде одговорот на коментарот на Новак Ѓоковиќ дека не го почитува Австралиецот надвор од тениските терени.

„Чудно што тој го кажува ова. Повеќе би имало смисла да каже дека не ме почитува на теренот бидејќи не се согласува со тоа што го правам и го правев во минатото. Кога сум играл против него, сум бил добар кон него. Мислам дека бев добар за време на пандемијата. Возев наоколу, им носев храна на луѓето, бев внимателен што правев и не го ширев вирусот. Но, тој е чудна мачка, тој Новак. Одличен тенисер, но, за жал, некој што сака да се забавува полугол за време на глобална пандемија. Не знам дали може да му се прости тоа“, додаде Кирјос.

Ѓоковиќ: Не можам да кажам дека го почитувам Кирјос



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Инсиње со два гола, Наполи рутински до победа над Болоња

Објавено пред

Наполи стигна до 3:1 победа над Болоња благодарение на двата гола на капитенот Лоренцо Инсиње за да ја продолжи битката за топ 4 пласман и Лига на шампиони следната сезона.

Тимот на Џенаро Гатузо дојде во водство уште во осмата минута преку Инсиње, пред Нигериецот Виктор Осимен, кој влезе во 54. минута во 65. минута да го постигне својот прв гол за Наполи по пауза од четири месеци за 2:0. Роберто Соријано во 73. минута се закани со камбек на Болоња, но само три минути подоцна Инсиње да стави точка на натпреварот.

Со завршената работа, Инсиње во 79. минута излезе од игра, и шанса да го одигра финишот доби македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Наполи се шести на табелата со 47 поени, два помалку од петтопласираната Аталанта и три зад четвртопласираната Рома, додека Болоња на Синиша Михајловиќ се на 12. место со 28 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кејн и Бејл ги „растурија“ Кристал палас!

Објавено пред

Тотенхем стигна до импресивна 4:1 победа над Кристал палас за трет триумф во низа на тимот на Жозе Мурињо за доближување на само два поени од топ 4 пласман во Премиер лигата, откако Хери Кејн и Герет Бејл имаа вистинско шоу во северен Лондон.

Кејн прво му асистираше на Бејл во 25. минута за водство на Тотенхем, но Кристијан Бентеке со убав гол со глава израмни на истекот на првото полувреме. Во второто полувреме, во 49. минута, Кејн повторно му асистираше на Бејл за Велшанецот да го постигне својот шести гол во последните шест меча, за потоа Кејн самиот двапати да се запише во листата на стрелците во 52. и 76. минута.

Тотенхем сега се шести со 45 поени, еден зад Евертон на петтото место и два зад Челси, додека Палас се на 13. место со 34 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ѓаволите“ се лек за Манчестер сити – ставија крај на низата од 21 победа!

Објавено пред

Манчестер јунајтед можеби веќе ја загуби трката за премиерлигашката титула со „гласниот градски сосед“ Манчестер сити, но тоа не ги спречи да стигнат до 2:0 победа на „Етихад“ и така да стават крај на славната низа од 21 победа едноподруго на тимот на Пеп Гвардиола.

И покрај победата, разликата останува 10 поени во предност на Сити на 10 кола пред крајот на сезоната и тешко е да се очекува дека тимот на Гвардиола сега ќе влезе во криза, сепак, победата е „слатка“ за Јунајтед, кои во последните три меча одиграа три разочарувачки 0:0 ремија. Пред овој меч, Сити имаа 21 победа во низа во сите натпреварувања, од кои 15 во Премиер лигата, со вкупна гол разлика од 55:8.

Шокот за Сити дојде рано, откако уште во втората минута, Антони Марсијал беше соборен во шестнаесетникот, а Бруно Фернандеш беше сигурен од белата точка и покрај тоа што Едерсон беше многу блиску до топката.  По ова, Сити „притиснаа“, но не успеаја да го пробијат голот на Дин Хендерсон, по што во 50. минута, Лук Шо успеа повторно да го совлада Едерсон за 0:2.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет13 часа

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет15 часа

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија16 часа

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија16 часа

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија17 часа

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа17 часа

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет18 часа

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија19 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија19 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија19 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа20 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија22 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет23 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија23 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет23 часа

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет1 ден

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија2 дена

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ2 дена

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија2 дена

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Досие