Спорт
Кјелини најдобро е да молчиш
Интервјуто за „Ла Република што го даде Џорџо Кјелини по повод излегувањето на неговата автобиографијата „Јас Џорџо“крена прашина во фудбалскиот свет
„Балотели е негативна личност, не го почитува тимот. Во текот на Купот на Конфедерации во Бразил, во 2013 година, воопшто не ни помогна. Тогаш заслужи шлаканица. Некои луѓе мислеа дека е меѓу најдобрите пет фудбалери во светот, но јас никогаш не сметав дека тој е во Топ 10 или Топ 20“, рекол Кјелини за Балотели, а потоа проговорил и за Фелипе Мело.
„Навистина тој е најлош меѓу најлошите. Не поднесувам луѓе кои не покажуваат почит, луѓе кои секогаш контрираат. Кога Мело е во близина секогаш се случуваат расправии. Им кажав на директорите дека тој е јаболкото на раздорот“.
Балотели и Мело веднаш се огласија, го нарекоа Кјелини кукавица.
„За разлика од тебе кој си капитен и наводно си лидер на тимот, мене не ми треба книга за да се пресметам со соиграчите и да и им го кажам она што го мислам, јас сум искрен и храбар. Од 2013 година до денес си имал безброј прилики да го нашравиш тоа и да ми кажеш в лице се што имаш. Наместо тоа „капитену“ ти го одбра овој начин. Кој знае што мислиш за твоите актуелни соиграч, им го кажуваш тоа или ќе дознаат за неколку години во твојата автобиографија. Никогаш не сум го праве она за што ме обвинува „капитенот“, а тоа е дека не сум го почитувал дресот на Италија. Ова што го правиш не е дело на маж, ниту на шампион“, рекол Балотели.
„Додека бев во Јувентус никогаш не сум покажал непочитување кон клубот, тренерите или соиграчите. Вели дека со мене се било на раб на тепачка. Зошто тогаш не ме предизвикал да се тепаме? Многу е полесно личност што не ти се допаѓаш да ја плукаш во книга. Не знам зошто тој дефанзивец ми е лут, можеби поради тоа што со Галатасарј го победив во Лигата на шампионите? Или поради тоа што со Бразил ја победив неговата Италија на Купот на конфедерации? Одиграл преку 100 натпревари за Италија, а не освоил ништо. Тука ќе застанам, за разлика од тој дефанзивец јас го знам старото фудбалско правило дека она што се случува во собекувлната таму останува“, рекол Бразилецот Мело.
Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.