Спорт
Кличко го искара Ломаченко: Каде е патриотизмот, шампиону?
Поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, го критикува својот украински сонародник Василиј Ломаченко откога тој не позира со украинското знаме по победата над Ричард Коми од Гана во „Медисон сквер гарден“ во саботата.
Ломаченко ја освои ВБО-интерконтиненталната титула во лесна категорија на мечот во доминантен меч, во кој дури им советуваше на тренерите на Коми да го прекинат мечот предвреме. Но, кога ја прославуваше титулата, тој на себе го имаше знамето на неговиот роден град Белгород-Днестровскиј, а не украинската двобојка.
Кличко реши да реагира преку „Твитер“.
„’Википедија’: Патриотизам или национална гордост е чуството за љубов, посветеност и поврзаност со татковината. Чувството носи заедништво меѓу луѓето. Василиј Ломаченко победи, честитки, но дали ја претставуваше земјата со некористењето на знамето“, напиша 45-годишниот Кличко.
Ова не е првпат Ломаченко да биде обвинет за недосТИГ на патриотизам бидејќи на 33-годишниот ветеран најмногу му забележуваат за тоа што е верник на православната црвка во Украина, која ѝ остана верна на Московската патријаршија, нешто за што му забележуваат и на шампионот во тешка категорија Олександер Усик.
Wikipedia: “Patriotism or national pride is the feeling of love, devotion, and sense of attachment to a homeland. The sentiment is a shared oneness among the people.” @VasylLomachenko won, congrats, but did he represent the Country with his NON use of his Country’s flag? WTF pic.twitter.com/RoPdl4DdTc
— Klitschko (@Klitschko) December 12, 2021
Усик ќе оди на Крим, ќе предизвика политички скандал во Украина?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.