Спорт
Клоп ја доби ФИФА-наградата за најдобар тренер
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е добитник на наградата за најдобар тренер на ФИФА-наградите во „Скала“ во Милано добивајќи признание за фантастичната сезона со Ливерпул, во која им го донесе шестиот европски трофеј и беше на чекор до титулата во Англија.
52-годишниот Клоп беше еден од тројцата тренери од Премиер лигата што беа номинирани, покрај Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Маврисио Почетино (Тотенхем).
„Никој не можеше да очекува пред 10 или пет години дека ќе стојам тука со оваа награда. Морам да им се заблагодарам и на моите ривали, Маврисио Почетино и Пеп Гвардиола за работата што ја завршија, како и на мојот фантастичен клуб Ливерпул. Како тренер можете да бидете добри колку што е вашиот тим, така што се гордеам што сум менаџер на оваа група фудбалери“, изјави Клоп.
Congratulations, Jurgen Klopp ?
Winner of #TheBest FIFA Men’s Coach 2019 ?#TheBest | #FIFAFootballAwards pic.twitter.com/H9Qzlc2DHJ
— #TheBest ? (@FIFAcom) September 23, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус
Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да им биде лесно да постигнат договор со кој било друг клуб.
Ромен Молина, шпански новинар познат како точен извор на информации, откри дека менаџерите на Бразилецот „флертуваат“ со бројни клубови, дека се обиделе да го понудат за да истражат други опции и потенцијално да извршат притисок врз Реал за понатамошни преговори, но дека добиле негативен одговор на секоја адреса.
Желбата на Винисиус е да остане во Реал Мадрид, но не се откажува од тоа тој да ја преземе водечката улога во преговорите, што Флорентино Перез досега го избегнуваше.
Јасно е дека Перез, како и претходно, им дава до знаење на сите играчи дека никој не е над Реал Мадрид, што најмногу ги забавува преговорите. Винисиус бара годишна плата каква што има Килијан Мбапе, а тоа значи околу 30 милиони евра годишно. Според медиумите, Реал му нуди нешто повеќе од 16 милиони евра по сезона.
Молина пишува дека Челзи бил единствениот клуб кој бил споменат како заинтересиран, но дека „сините“ повеќе не се заинтересирани.
Винисиус нема да биде евтин, а неговата плата е исто така огромна. Решение на проблемот може да биде Саудиска Арабија. Тамошните клубови без проблем можат да ги исполнат финансиските барања на Бразиелцот.
Сега на потег е и Флорентино Перез, кој не смее да дозволи да биде толку лесно да остане без првата ѕвезда, особено поради фактот што Родриго е сериозно повреден и нема да биде на теренот до 2027 година.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Локатели го продолжи договорот со Јувентус
Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино.
Локатели е член на Јувентус од 2021 година и во тој период одигра 224 натпревари во сите натпреварувања и запиша девет гола и 17 асистенции.
„Сите се сеќаваме кога Мануел, по неговото пристигнување во 2021 година, со голема емоција рече дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Продолжувањето на соработката претставува природно продолжение на растот на неговото лидерство на теренот, неговиот непоколеблив црно-бел дух, во целосна заедница со вредностите и амбициите на нашиот клуб“, рече извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.
Во текот на својата кариера, италијанскиот фудбалер играше и за Милан и Сасуоло.
Јувентус е на четвртото место на табелата во Серија А со 60 бода, а во недела ќе ја пречека Болоња во 33-то коло.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилото поради одбивање на тест.
Спорниот инцидент се случил во декември за време на ненајавено тестирање надвор од тениските терени. Вондрушова тврди дека по 20 часот непознато лице заѕвонило на нејзината врата, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина. Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.
Против неа потоа беше покрената постапка од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот за „одбивање или недавање примерок без основана причина откако била известена од овластено лице“.
Шампионката на Вимблдон во 2023 година ја даде својата верзија на настаните на социјалните мрежи, нагласувајќи дека дејствувала од страв, а не за да избегне тестирање.
„Кога некој ќе ви заѕвони на врата доцна навечер без јасно да ве идентификува и да ја следи постапката, реагирате како личност која била исплашена. Во тој момент, стануваше збор за чувство на безбедност, а не за избегнување на нешто“, рече Вондрушова.
Таа додаде дека низ годините добивала навреди и закани, но и проблемите со повредите и спиењето, влијаеле врз нејзината ментална состојба и чувството на безбедност. Вондрушова, особено нагласи дека ситуацијата ја потсетувала на нападот врз нејзината сонародничка Петра Квитова од 2016 година, кога напаѓачот влегол во станот под лажни изговори и сериозно ја повредил.
„Стравот ми го замагли расудувањето. Не можев рационално да ја разберам ситуацијата“, рече таа, додавајќи дека експертите ѝ дијагностицирале акутна стресна реакција и генерализирано анксиозно растројство.
Агенцијата потврди дека истрагата е во тек, но дека сè уште нема автоматска суспензија.
Според правилата на Светската антидопинг агенција, тенисерките мора редовно да ја пријавуваат својата локација и да закажат термин од еден час дневно за потенцијално тестирање, но контролите можат да се спроведуваат и надвор од тој период.
Вондрушова не играла натпревари во поединечна конкуренција од јануари поради повреда на рамото, но неодамна играше во двојки за Чешка. Нејзиниот следен закажан турнир е Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 20 април.
Foto/ Depositphotos
