Спорт
Клоп: Киксот на Сити не ме израдува, не чека мечот со Арсенал

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјавил дека не го израдувал киксот на Манчестер сити, против Кристал Палас, туку дека целосно е фокусиран на натпреварот што треба „црвените“ да го одиграат против Арсенал.
Сити одиграа 0:0, во Лондон, против Кристал Палас и со натпревар повеќе, на табелата се четири чекори пред Ливерпул.
„Мечот го гледав точно 65.минути, поради анализата. Не можеам да стигнам да ги гледам во реално време. Палас играа добро, добро играа и Сити, само што не ги искористија шансите. Последните 30 минути не ги гледав, се изненадив кога го видов конечниот резултат“, рекол Клоп.
На прашањето дали му се поправило расположението од конечниот резултат, Германецот рекол:
„Зошто? Ние наредниот меч го играме против Арсенал и не можеме да бидеме сигурни дека ќе ги освоиме бодовите. Пред нас е многу важен натпревар. Ако сакате да освоите нешто во Премиер лигата, а не сте на врвот, морате константно да победувате“.
Арсенал, утре, ќе го пречека Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан остана без трофеи, но и без тренер
Партизан вечерва го загуби и вториот трофеј во битката со Црвена Звезда откако е поразен со 2:1 во финалето на Купот на Србија. По ова, тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка.
„Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан“, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Партизан има многу поплаки за загубениот шампионски пехар, смета дека Црвена Звезда била фаворизирана во првенството на Србија.
Спорт
Дембеле ја напушта Барселона и се сели во Париз
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, одлучил да замине од „Камп Ноу“ и ќе ја прифати понудата на Пари Сен Жермен да се пресели во Париз како слободен агент, открива „АС“.
Францускиот интернационалец кажа „не“ и за најновата понуда за нов договор со Барселона и планира да си замине на истекот од јуни. Речиси сигурно негов следен клуб ќе биде ПСЖ.
Дембеле треба да му се придружи на својот соиграч од француската репрезентација, Килијан Мбапе, а заедно со Лионел Меси да формираат ново напаѓачко трио.
Спорт
Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.
Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.