Контакт

Спорт

Клоп: Не ми се допаѓа фудбалот на Диего Симеоне

Објавено пред

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одби да влезе во војна на зборови со ривалот од Ливерпул, Јирген Клоп, откога Германецот посочи дека ретко кому му се допаѓа стилот што го игра шпанскиот шампион.

dobivaj vesti na viber

Атлетико под водство на Симеоне направи репутација на еден од најцврстите тимови на планетата, кој можеби не игра блескав тика-така фудбал, но често постигнува резултати, како што покажаа лани кога го елиминираа Ливерпул од Лигата на шампионите. Клоп, иако посочи дека го почитува Симеоне, призна дека фудбалот не е по негов вкус.

„Дали ми се допаѓа? Не премногу бидејќи јас и фановите сакаат поинаков стил на фудбал. Но, не не мора да ми се допаѓа бидејќи тие покажаа дека знаат да бидат успешни во тешки моменти за клубовите, да ги донесат вистинските засилувања и да станат шампиони. Она што го кажав пред една и пол година беше поради поразот, најверојатно“, изјави Клоп посочувајќи на коментарот по поразот во четврт-финалето дека Атлетико не игра вистински фудбал.

Минатата сезона во четврт-финалето Атлетико Мадрид победи со 1:0 дома пред Ливерпул да врати идентично по 90 минути на „Енфилд“, а потоа да поведе со 2:0 пред Атлетико да направи луд пресврт за 3:2 победа.

Симеоне даде интересен одговор на критиките на Клоп велејќи дека нема ништо да каже за германскиот тренер.

„Се грижам само за Ливерпул како тим иако мора да се признае дека Мохамед Салах е неверојатен играч. Ливерпул е силен и задоволство е да го гледаш. Не се плашат да остават место во одбраната, играат со пресинг, со брзина. Мораме да бидеме еднакви во интензитетот и да се обидеме да ги неутрализираме“, вели Симеоне.

Клоп: Не разбирам како може да играат таков фудбал

Спорт

(ВИДЕО) Штутгарт обезбеди три гола предност против Хамбургер во битката за опстанок

Објавено пред

Штутгарт го победи Хамбургер со 3:0 на домашен терен во првиот меч од плеј-офот за опстанок во Бундеслигата. Реваншот се игра на 5 јуни во Хамбург, а Штутгарт ќе замине со убедлива предност.

dobivaj vesti na viber

Мавропанос уште во првата минута донесе водство за Штутгарт, а Гираси потоа не реализира пенал.

Вагноман и Гираси на почетокот на второто полувреме постигнаа уште два гола за Штутгарт кој стигна до убедлив триумф.

Хамбургер од 69.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сухонен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бензема ќе остане во Реал Мадрид, тврди „Марка“

Објавено пред

Францускиот ас Карим Бензема и неговото наводно заминување од Реал Мадрид и преселба во Саудиска Арабија, го кренаа светот на нозе. Саудискиот клуб Ал-Итихад го мами со неверојатна понуда од 400 милиони евра за две сезони, а дојдоа информации дека тој веќе прифатил, иако има устмен договор со Флорентино Перез да остане уште една сезона во „кралскиот клуб“.

dobivaj vesti na viber

Сепак, Бензема во интервју за „Марка“ изјави дека тоа што се пишува на интернет е далеку од реалноста, а сега влијателниот шпански медиум тврди дека Французинот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Спалети е избран за тренер на годината во Серија А

Објавено пред

Стратегот на Наполи, Лучијано Спалети, е прогласен за најдобар тренер во Серија А за сезоната 2022/23. Наградата ќе му биде врачена пред натпреварот од последното 38. коло во италијанското првенство, кога „партенопеите“ на 4 јуни ќе играат против Сампдорија.

dobivaj vesti na viber

Оваа сезона, Наполи стана шампион на Италија за првпат од 1990 година.

Спалети претходно потврди дека го напушта тимот на крајот на сезоната.

Жирито кое ја додели наградата за најдобар тренер во Серија А беше составено од директори на спортски весници во Италија. Тие ги оценуваа тренерите индивидуално според спортско-техничките критериуми и квалитетот на играта на нивните тимови, како и однесувањето/фер-плејот за време на натпреварите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски: На Македонија ѝ е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, jас сум рационален оптимист, верувам во целта...

Европа13 часа

„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и...

Свет14 часа

Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува...

Регион14 часа

Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе...

Регион15 часа

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија18 часа

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...

Македонија18 часа

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршијата

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа на скопјанецот што беше уапсен за двојното убиство во скопската...

Македонија20 часа

Шукова: Не се гради пристаниште на Охридското Езеро од албанска страна, се расчистува теренот

Бетонирањето на Охридското Езеро од албанска страна за министерката за животна средина, Каја Шукова, не е поради изградба на пристаниште,...

Македонија20 часа

Струјата, најверојатно, нема да поскапи 13 отсто, претпоставува Бектеши и остави Регулаторната да одлучи

Цената на струјата, најверојатно, нема да се покачи 13 отсто како што бараат некои од компаниите. Ова го посочува министерот...

Македонија20 часа

Одмрзнати цените, нема гаранција дека производите нема да поскапат

Одмрзнати се цените на зеленчукот и овошјето, а министерот за економија, Крешник Бектеши, нема гаранција дека тие нема да поскапат....

Регион21 час

Бугарското Обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското Градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, за да биде...

Свет22 часа

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули, освен ако алијансата не...

Македонија22 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзалната сала, кое...

Македонија23 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и во Косово стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година во рамките на...

Македонија23 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести1 ден

Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да...

Вести1 ден

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ1 ден

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ2 дена

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....