Спорт
Кога Гери Невил и Џејми Карагер се согласуваат, тогаш нешто навистина не е во ред
Гери Невил и Џејми Карагер беа лути фудбалски ривали во дресовите на Манчестер јунајтед, односно Ливерпул, а своето ривалство го продолжија и како ТВ-коментатори. Но, нивната реакција на формирањето на европската Суперлига под водство на нивните поранешни клубови беше единствена.
Невил побара големата англиска шесторка (Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Челси) да биде казнета со поени во Премиер лигата, односно практично да се исфрлат од елитата поради „криминалниот чин“ кон фудбалските фанови.
„Манчестер јунајтед и другите големи шест клуба треба да се срамат од своите постапки. Европска Суперлига со Арсенал, кој едвај одигра нерешено со Фулам. А Манчестер јунајтед игра нерешено со Барнли. Треба да бидат казнети со поени сите што беа вклучени. Вистинска шега. Поставете ги на дното на лигата и земете им ги парите. Среде пандемија, економска криза, фудбалските клубови што едвај преживуваат, клубовите на работ во Лига 1 и Лига 2, а овие имаат состаноци на ‘Зум’ за да креираат повеќе алчност? Сопрете ги овие клубови и нивната алчност“, вели Невил.
Gary Neville is the people’s hero right now. Unreal piece of television about the European Super League. pic.twitter.com/ypdQbdQfs7
— Football Tweet (@Football__Tweet) April 18, 2021
Со него се согласува и Карагер, кој влезе во остар напад на својот поранешен клуб преку колумна за „Дејли телеграф“.
„Оваа година од Ливерпул слушаме само колку им недостигаат фановите. Смешно е како гласовите на Коп се важни кога се потребни. На газдите на Ливерпул изгледа им се допаѓаат празни стадиони бидејќи кренаа можност за бојкот. Мечот со Лидс вечерва е важен поради Лигата на шампионите, милиони ќе го гледаат поради тоа, со многу емоции, без разлика на резултатот. И преостанатите седум меча на Ливерпул. Тоа е убавината на лигашкиот фудбал, секој поен е важен. Како поранешен фудбалер на Ливерпул ми се мачи дека репутацијата на мојот клуб е намалена од сопствениците што сакаат да нѐ стават во лига во која нема да се бориме за успех. Бесрамниот капитализам на Манчестер јунајтед не ме изненадува. Фановите на Јунајтед се согласуваат со мене дека од првиот ден Глејзери не криеја дека парите се најважни. Презирот кон фановите го покажаа така што им наплаќаа дополнително на носителите на сезонски билети за куп-натпреварите. Но, Џон В. Хенри е поитар, зборувајќи за единство со фановите, но не ја знае културата на Коп. Јас бев првиот со сезонски билет што се откажа кога се обидоа да ни наплатат 77 фунти за меч во 2016. Арсенал, Манчестер сити, Челси и Спарси исто така ќе добијат осуда за ова. Тие четири се кријат за Ливерпул и Јунајтед кога тоа им е потребно“, вели Карагер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.