Спорт
„Кога промаши Жоржињо, си реков – па ние го имаме Џигоне“
Голманот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума, е прогласен за најдобар фудбалер на Евро 2020. Тој беше јунакот во пенал-серијата против Англија.
„Мислев дека е готово“, рече Донарума за моментот кога Жоржињо промаши од белата точка.
Пикфорд го одбрани ударот на играчот на Челси и Донарума мораше повторно да застане меѓу стативите.
„Веќе бев на земја, но морав да продолжам, да одбранам уште еден“, вели 22-годишниот чувар на мрежата на ПСЖ во новата сезона.
На прашањето што помисли кога Жоржињо го промаши пеналот, капитенот на „аѕурите“, Џорџо Кјелини, вели:
„Па ние го имаме Џигоне“.
Иако толку млад, Донарума веќе одгра 215 натпревари во Серија А, а финалето на ЕП за него беше 31. меч во италијанскиот дрес.
„Ова е остварување неверојатен сон. Што да кажам, испишавме историја, а тоа и го заслуживме затоа што сме голем тим“, вели Џиџи Донарума.
А пред само 3 години Италија не успеа да се пласира на мундијалот во Русија. Тогаш на клупата дојде Роберто Манчини.
„Сите знаеме каде бевме на почетокот. Малку кој веруваше во нас, а сега славиме титула. Брзиот гол на Шо можеше да нѐ убие, но ние никогаш не се откажуваме“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.