Спорт
Кој е фудбалскиот мајстор за протнување топка низ нозе – не се Меси и Роналдо?
Фудбалскиот потег кој најчесто се гледа како еден вид понижување на противничкиот играч е протнувањето на топката низ нозе на играчот при дриблинг.
Многупати сме биле сведоци на вакви потези од големите фудбалски имиња, по што потоа следувало груп фаул дури и исклучување.
Иако на многумина прва асоцијација за фудбалер кој ужива во овој потег им се Меси и Роналдо, сепак статистичарите на специјализираниот сајт „Football Refference” избројале кој фудбалер кој извел овој потег најмногупати.
Се работи за малкупознатиот Анџело Фулџини, фудбалер од Брегот на Слоновата коска кој несомнено има италијанско потекло. Тој настапува за француски Анжи.
Во сезоната 2019/2020 дури 12 пати успешно го извел истиот потег, тој игра на крилната позиција. Сепак потегот не му помогнал многу при потигнување погодок. Сезоната имал само 1 гол и 1 асистенција.
Диего Жота од Вулверхемптон дури десетпати ја протурил топката низ нозете на противничките фудбалери.
Во Премиерлигата вреди да се истакнат и Маркус Рашфорд со 9 успешни обиди, а исто толку пати низ нозете на противниците погодил и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.
По 8 таканаречени „мрежички“ имаа Санчо од Борусија (Д), Русилон (Волфсбург), Гомез (Аталанта) и Бога (Сасуоло).
Далеку најмалку вакви потези има во Ла лига. Таму на врвот е Меси, со 6.
Кристијано Роналдо, пак, има само 2 вакви успешни дриблинзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.