Спорт
Колку милиони луѓе ќе го гледаат финалето на Лигата на шампионите?

Европската фудбалска унија (УЕФА) процени дека, барем дел од финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер ќе го гледаат околу 450 милиони гледачи ширум светот. Според проценките на УЕФА, околу 150 милиони луѓе треба да го гледаат целиот натпревар во Истанбул, додека останатите ќе гледаат дел од финалето.
Во евалуацијата се вклучени гледачите кои ќе го следат преносот дома, навивачите кои ќе го следат натпреварот преку стриминг платформите и оние кои ќе го следат натпреварот во барови, ресторани и други јавни места.
Бројката од 150 милиони е помала од рекордните 184 милиони кои го гледале финалето на Лигата на шампионите во 2014 година, кога Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 4:1 по продолженијата.
Најавениот понизок рејтинг оваа година го одразува менувањето на навиките за гледање и отсуството на Реал Мадрид, кој има голема база на навивачи ширум светот.
Минатогодишното финале помеѓу Реал и Ливерпул (1:0) во просек го гледале 166 милиони луѓе, а финалето меѓу двата исти тима во 2018 година го гледале пет милиони помалку.
Финалето помеѓу Ливерпул и Тотенхем во 2019 година во просек го гледале само 91 милион луѓе, додека најмала гледаност во последните 15 години е забележана во 2021 година, кога се сретнале два англиски клуба – Манчестер сити и Челзи (84 милиони).
Помалата гледаност е под влијание и на деловната политика на УЕФА, која дава сè помалку права за емитување на основните телевизиски канали.
Договорите за емитување со приватна телевизија ја доведоа УЕФА до приход оваа сезона од околу 3,6 милијарди евра за сите три натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа, Лига на конференции).
Клубовите кои годинава играа во Лигата на шампионите (32) ќе добијат повеќе од две милијарди евра од УЕФА, а најголема сума ќе добие Манчестер сити (најмалку 120 милиони евра).
Вечерва од 21 часот се игра финалето помеѓу Манчестер сити и Интер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.
Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.
Спорт
(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна.
Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс.
Во финишот од мечот, во судиското продолжение, Џулијан Риерсон го постави конечниот епилог на овој меч.
Спорт
Лисандро Мартинез ја обнови повредата, го чека долга пауза

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез долго време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веста ја потврди неговиот клуб Манчестер јунајтед на официјалниот сајт.
„Лисандро Мартинез ќе паузира подолг период поради влошување на повредата на стапалото која го мачи од април, а која ја обнови на неодамнешниот натпревар против Арсенал. Сега му треба одреден период на рехабилитација и ќе отсуствува подолг период“.
И покрај повредата на мечот со Арсенал, Аргентинецот сепак ги одигра натпреварите против Баерн и Брајтон, а според англиските медиуми сега го очекува пауза од најмалку два месеци.
Јунајтед ќе биде и без бекот Серхио Регилон за саботниот натпревар против Кристал Палас на „Олд Трафорд“.
Сепак, кај него не се работи за сериозна повреда и наскоро ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг.