Контакт

Спорт

Компани: Ван Дајк е најдобриот бек во историјата на Премиер лигата

Објавено пред

Легендата на Манчестер сити, Винсен Компани, смета дека поранешниот ривал од Ливерпул, Виргил ван Дајк, е најдобриот централен бек што играл во Премиер лигата, пред имињата како Џон Тери и Рио Фердинанд.

Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018, тогаш како најскап дефанзивец на светот, и помогна „црвените“ да ја стабилизираат задната линија и го предводеше тимот до титулата од Лигата на шампионите, а тоа го забележаа и во УЕФА, кои му ја доделија наградата за најдобар фудбалер минатата сезона. Компани вели дека тој е најдобриот бек што го гледал.

„Ван Дајк не е толку долго на теренот како што беа Тери и Фердинанд, но тоа што го покажа во последните години беше неверојатно. Ливерпул пред Ван Дајк имаше сосема поинаква игра, тоа е сигурно“, изјави Компани.

Ван Дајк има 78 настапи за Ливерпул и осум постигнати гола, а во 2018/2019, првата цела сезона со него во тимот, прими само 22 гола, најмалку во Премиер лигата, откако претходните две сезони прими 46, односно 42 гола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Холандија е светски шампион со контроверзен гол во последна секунда

Објавено пред

Холанѓанките се светски ракометни шампионки откако предмалку триумфираа во големото финале на Мундијалот во Кумамото, Јапонија против селекцијата на Шпанија. Мечот заврши со резултат 30-29, со гол од пенал буквално во последната секунда од мечот.

Ова е голем чекор напред за Холандија, прво светско злато, откако на претходниот Мундијал го освои бронзениот медал, исто како и на Европскиот шампионат.

Сепак, уште долго ќе се полемизира околу начинот на кој Холандија дојде до златото и дали одлуката на судската двојка – сестрите Бонавентура од Франција беше оправдана.

Шпанија го имаше последниот напад за победа и злато, откако претходно при резултат 29-29 Холандија не успеаа да дојде до предност. Шпанките не успеаја во последните 10 секунди од мечот да поентираат, топката беше во рацете на голманката Вестер која се обиде да фрли контра.

Пред неа се испречи противничкиот пивот, Хернандес и го блокираше ударот. Иако шпанската ракометарка беше во полето за игра, една од сестрите Бонавентура и покажа црвен картон и досуди пенал за Холандија кој успешно го реализираше Абинг.

Инаку, во текот на мечот во првото полувреме Шпанија имаше и +4 (6-2). Следуваше израмнување на 11-11, па пресврт на Холандија за +3 (16-13) на полувреме.

Во вториот дел водството константно беше на страна на Холанѓанките, најмногу со +5 (17-22). Сепак Шпанките не се предадоа, стигнаа до 29-29, го имаа и последниот напад за триумф, но…

Најефикасна кај победничката селекција беше Полман со 8 гола, а веднаш зад неа беше Абинг со 7.
Кај Шпанија Кабрал се истакна со 7 гола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонското знаме и Елмас на промоција на календар на Наполи (видео)

Објавено пред

Иако ситуацијата во калчолигашот Наполи е далеку од идеално – клубот игра очајно во Серија А, го сменија и тренерот Карло Анчелоти, сепак пред неколку дена излезе во јавноста новиот календар за идната 2020 година во кој учествуваа фудбалерите.

За нас секако најинтересен момент од видео-промоцијата е делот во кој девојката од спотот со својот фустан го симболизира македонското знаме, а во тој момент во кадарот е македонскиот фудбалски репрезентативец – Елиф Елмас кој е член на клубот.

Погледнете каков промотивен календар креираа фудбалерите на Наполи:

Прикажи повеќе...

Спорт

Божиќно чудо – голманот Фостер му спасил живот на 80-годишен навивач

Објавено пред

Младо момче во Англија на интернет сподели интересна приказна поврзана со неговиот дедо и поранешниот репрезентативен голман на „Гордиот Албион“, Бен Фостер.

Споменатиот ден неговиот дедо Дементан кој е голем навивач на Вотфорд кој тогаш имал 80 години се враќал од натпреварот меѓу Вотфорд и Кристал Палас (минатата сезона, мечот заврши 0-0). Дементан членска карта на омилениот клуб имал цели 60 години.

По мечот, тој не можел да го запали својот автомобил, акумулаторот останал без струја. Тогаш старецот решил пеш да се врати дома, цели 16 километри.

Во меѓувреме фудбалерите на Вотфорд ги завршиле обврските на стадионот. Се стемнило, а Бен Фостер со сопругата и со неговиот татко поминале крај дедото кој пеш одел кон дома.

Забележале дека нешто не е во ред, па се вратиле. Тогаш го виделе како лежи покрај патот. Паднал, а тие најверојатно му го спасиле животот.

Според раскажувањето, го однеле во нивниот дом, го избањале и му облекле сува облека. Потоа го однеле во неговата куќа и го поканиле на 25 декември – за Божиќ.

На официјалниот Твитер профил Вотфорд се пофали со делото на својот голман.

Бен Фостер има 36 години, во Вотфорд е од летото 2018 година. Во кариерата бранеше и за Стоук, Манчестер Јунајтед, Бирмингем, Вест Бромвич.

Го носеше и дресот на Англија, во 8 наврати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Топ4 часа

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна...

Регион4 часа

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22...

Спорт6 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија6 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет21 час

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија23 часа

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ24 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија1 ден

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Досие