Спорт
Комплетен распоред на Мундијалот во Катар
Остануваат уште осум дена до почетокот на 22. Светско првенство во фудбал, според многумина најважниот спортски настан во годината, Топспорт ви го пренесува комплетниот распоред, на натпреварите во Катар.
Светското првенство, на 20.ноември од 17 часот, на стадионот Ал-Бајт во градот Ал-Кор, ќе го отворат домаѓинот Катар и Еквадор.
Според обложувалниците, најголем фаворит е Бразил, а потоа следат Аргентина, Шпанија, Холандија, Германија, Франција…
Подолу можете да го погледнете комплетниот распоред и термините на сите натпревари:
ГРУПА А
1. коло – 20. ноември
Катар – Еквадор 17ч
21.ноември
Сенегал – Холандија 11ч
2. коло, 25.ноември
Катар – Сенегал 14ч
Холандија – Еквадор 17ч
3. коло, 29.ноември
Еквадор – Сенегал 16ч
Катар – Холандија 16ч
ГРУПА Б
1. коло, 21. ноември
Англија – Иран 14ч
САД – Велс 20ч
2. коло, 25. ноември
Велс – Иран 11ч
Англија – САД 20ч
3. коло, 29.ноември
Велс – Англија 20ч
Иран – САД 20ч
ГРУПА Ц
1. коло, 22.ноември
Аргентина – Саудиска Арабија 11ч
Мексико – Полска 17ч
2. коло, 26.ноември
Полска Саудиска Арабија 14ч
Аргентина – Мексико 20ч
3. коло, 30.ноември
Аргентина – Полска 20ч
Саудиска Арабија – Мексико 20ч
ГРУПА Д
1. коло, 22. ноември
Данска – Тунис 14ч
Франција – Австралија 20ч
2. коло, 26.ноември
Тунис – Австралија 11ч
Данска – Франција 17ч
3. коло, 30.ноември
Австралија – Данска 16 ч
Франција – Тунис 16ч
ГРУПА Е
1. коло, 23.ноември
Германија – Јапонија 14 ч
Шпанија – Костарика 17ч
2. коло, 27. ноември
Јапонија – Костарика 11ч
Шпанија – Германија 20ч
3. коло, 1.декември
Јапонија – Шпанија 20ч
Костарика – Германија 20ч
ГРУПА Ф
1. коло, 23. ноември
Мароко – Хрватска 11ч
Канада – Белгија 20ч
2. коло, 27.ноември
Белгија – Мароко 14ч
Хрватска – Канада 17ч
3. коло, 1.декември
Хрватска – Белгија 16 ч
Канада – Мароко 16ч
ГРУПА Г
1. коло, 24.ноември
Швајцарија – Камерун 11ч
Бразил – Србија 20ч
2. коло, 28.ноември
Камерун – Србија 11 ч
Бразил – Швајцарија 17ч
3. коло, 2 декември
Србија – Швајцарија 20ч
Камерун – Бразил 20ч
ГРУПА Х
1. коло, 24.ноември
Уругвај – Јужна Кореја 14ч
Португалија – Гана 17ч
2. коло, 28.ноември
Јужна Кореја – Гана 14ч
Португалија – Уругвај 20ч
3. коло, 2.декември
Гана – Ургувај 16ч
Јужна Кореја – Португалија 16 ч
ОСМИНА-ФИНАЛЕ
3. декември
1A – 2Б 16:00 часот
1Ц – 2Д 20h
4.декември
1Д – 2Ц 16 часот
1Б – 2A 20h
5. декември
1Е – 2Ф 16:00 часот
1Г – 2Х 20h
6 декември
1Ф – 2Е 16:00 часот
1Х – 2Г 20h
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
9. декември
1Е/2Ф – 1Г/2Х (ПАР 1) 16 часот
1A/2Б – 1Ц/2Д (ПАР 2) 20ч
10. декември
1Ф/2Е – 1H/2G (ПАР 3) 16 часот
1Б/2A – 1Д/2Ц (ПАР 4) 20ч
ПОЛУФИНАЛЕ
13.декември
ПАР 1 – ПАР 2 20ч
14.декември
ПАР 3 – ПАР 4 20ч
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
17.декември – 16 часот
ФИНАЛЕ
18. декември – 16 часот Лусаил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.