Контакт

Спорт

Конор како ѕвезда во Рим, го крштеваше синот во Ватикан

Објавено пред

Покрај средбата со тренерот на Рома, Жозе Мурињо, УФЦ легендата Конор Мекгрегор ја искористи посетата на Рим да го крсти својот син Рајан во Ватикан, а на улиците на „вечниот град“ беше опседнат со фанови.

Иако во последниот меч во УФЦ кафезот, тој загуби од лутиот ривал Дастин Поаире на УФЦ 264, тој останува мегаѕвезда што го покажа со фрлањето на безбол топчето на меч на Чикаго Кабс, со посетата на Мајами, и сега со посетаа на италијанската престолнина.

Заедно со неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин и нивните деца Конор Јуиор, Ријан и Кроја, како и неговата мајка Маргарет и сестрите Ерин и Оифи, тој беше во Ватикан, најсветото место за католиците за да го крштева Рајан.

Покрај тоа, тој предизвика и мал хаос во хотелот „Де ла виле“ во Рим, каде што резервираше цела тераса за неговата вечера, а италијанските фанови го сопираа на улиците.

Спорт

Левандовски ја доби утешната нова награда за напаѓач на годината

Објавено пред

„Франс фудбал“, организаторот на најпрестижното индивидуално достигнување во фудбалот, „Златната топка“, пред вечерашната гала во Париз објави дека ќе се воведат две нови награди – за најдобар напаѓач и за најдобар тим во изминатата сезона, и првата од наградите отиде кај легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски.

Многу скептици сметаа дека ова доцно утврдување на двете награди треба да биде утеха за полскиот ас што ќе му избега „Златната топка“.

34-годишниот Лева постигна неверојатни 60 гола во 2021 за својот клуб и за својата репрезентација, така што малкумина може да му ја оспорат титулата најдобар напаѓач на светот, а покрај тоа, веќе седум сезони во низа има над 30 гола. Тој наградата ја доби од уште еден легендарен напаѓач, Дидие Дрогба.

Прикажи повеќе...

Спорт

Педри ја доби наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер и се заблагодари на Меси

Објавено пред

Сосема очекувано, ѕвездата на Барселона, Педри Гонзалез  е добитник на „Копа“ наградата на „Франс фудбал“ како најдобар фудбалер под 21 година, по фантастичната сезона која ја имаше 19-годишниот тинејџер.

Педри, кој неодамна ја доби и наградата „Златно момче“ на италијанскиот весник „Тутоспорт“, дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година за 5 милиони евра, и веднаш доби шанса од тогашниот тренер Роналд Куман, а потоа доби повик и од шпанската репрезентација.

„Не можев да играм многу во последно време поради повредата, така што ова е добра причина да се прослави. Благодарам на сите во Барселона и на Лионел Меси кои направија многу за мене“, изјави Педри при доделувањето на наградата.

Во една година, Педри одигра повеќе од 70 натпревари за клубот и за шпанската репрезентација, а неодамна го продолжи договорот со откупна клаузула од 1 милијарда евра. „Копа трофејот“, кој го носи името на поранешниот француски фудбалер Рејмон Копа, почна да се доделува во 2018 година, кога наградата ја доби Килијан Мбапе, додека во 2019 носител беше Ерлинг Халанд. Во 2020, целата церемонија на „Златната топка“ беше одложена поради пандемијата на КОВИД-19.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јаховиќ со гол против Фенер, Гозтепе извади поен

Објавено пред

Гозтепе на македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ успеа да извлече 1:1 реми со големиот Фенербахче, а најзаслужен за тоа беше токму Јаховиќ, кој ги донесе во водство аутсајдерите пред тимот на Витор Переира да израмни во второто полувреме.

Јаховиќ во 40. минута ги донесе домаќините во водство пред ветеранот Сердар Дурсун да израмни во 48. минута од мечот. Јаховиќ беше во игра до 83. минута од мечот, а во бурниот финиш Фенер остана со играч помалку по вториот жолт картон на Филип Новак.

Со поенот Фенербахче останува на четвртото место на табелата со 24 поени, дури 12 помалку од лидерот Трабзонспор, а Гозтепе е на 18. место во зоната за испаѓање со 11 поени, 5 од безбедната зона.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија3 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија4 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија7 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија8 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија8 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа9 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија11 час

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа12 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет12 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Досие