Спорт
Конор се јави по „пензијата“ на Хабиб: Не заборавај кој те направи човек!

УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор му посака на својот поранешен лут ривал Хабиб Нурмагомедов среќно заминување во пензија со фантастичен коментар, порачувајќи му да не заборави кој го направи ѕвезда.
„Ноториус“ сакаше да каже дека тој е одговорен што светот го запозна Хабиб по нивното брутално ривалство, но и да го критикува за честото негодување за постигнувањето на посакуваната тежина.
„Среќна пензија, дете, ќе се мирисаме подоцна. Никогаш не заборавај кој дојде во играта и те направи. Директно од моите големи ирски јајца. Не заборавајте луѓе, ако мразите да држите диета за да сте на одреден број килограми, одете категорија погоре“, напиша Мекгрегор.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Новак му одговори на Надал: Не сум опседнат со ништо

Новак Ѓоковиќ му одговори на својот стар ривал Рафаел Надал, откако Шпанецот тврдеше дека светскиот број 1 има „опсесија“ да освојува гренд слем турнири и да поставува рекорди, додека тој самиот е задоволенд од оствареното.
„Секако, сакам да освојувам повеќе гренд слемови. Нема сомнеж. Но, никогаш не доаѓам до степенот на Новак, кој е опседнат со ова, пофокусиран. Не на негативен начин, секако. Тој е фокусиран на тие работи и му значат повеќе. Секогаш зборува за рекордите и честитки за тоа. Но, тоа не е мојот приод кон тениската кариера“, изјави Надал.
Србинот одговори дека не е опседнат со ништо во животот, туку дека има „страст и огромна желба“ да поставува нови рекорди.
„Не знам зошто тоа би било лоша работа, не само за рекордите, туку и за другите работи, како политиката во тенисот. Одам напред кон остварување на моите цели и никогаш не сум го криел тоа. Никогаш не ми било тешко да кажам: ‘Сакам да го срушам овој рекорд, или да ја остварам таа цел’. Не можам да зборувам за Рафа, не знам како размислува, но има право да го каже своето мислење. Лично, мислам дека не сум опседнат со ништо, само чувствувам страст и огромна желба“, вели 33-годишниот освојувач на 18 гренд слема.
Спорт
Надал: Сакам да освојувам турнири, ама сега имам 35 години, поинаку е!

Третиот светски тениски рекет во моменто, Шпанецот Рафаел Надал, смета дека поразот од Рубљов во Монте Карло во четврт-финалето на мастерсот не е страшен затоа што неговата цел е да се подготви што е можно подобро за големите натпреварувања.
„Сакам да освојувам турнири, тоа го сакам, важно ми е. ‘Ролан Гарос’ може да се освои со титули на претходните натпреварувања, но и без нив. Секако, полесно е кога се освојуваат титули во низа, како што правев јас најчесто на земјена подлога, но сега имам речиси 35 години и ситуацијата малку е поинаква“, вели Надал.
Тој смета дека причината за слабиот настап во Монте Карло е долгата пауза.
„Основната цел ми е да имам шанса за титулата, да бидам конкурентен на секој турнир. Во Монте Карло се чувствував комфорно, но секогаш е тешко да се вратите по долга пауза. Тогаш лесно се случува меч како оној против Рубљов“, смета шпанскиот ас.
Во просек Надал на земјена подлога во кариерата добил 9 од 10 натпревари, а на „Ролан Гарос“ доживеал само 2 пораза – од Содерлинг во 2009 и од Ѓоковиќ во 2015 година.
Спорт
Аврамовски го држи Кајсериспор во елитата – денеска со две асистенции
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски (26) е еден од најзаслужните за денешниот бод што турскиот тим на Кајсериспор го освои на домашен терен против екипата на Генчербирлиги – мечот заврши 2-2.
Аврамовски асистираше при двата погодока за својата екипа, во 39 минута одлично додаде до Педро Енрике за 1-0, а во 80 минута запиша нова асистенција до соиграчот Парлак за конечни 2-2.
Неговата екипа на 6 кола до крајот е на со +2 бода од екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.
Македонскиот играч од средниот ред сезонава има 19 настапи за турскиот тим, се уште без погодок.
Еве ја деталната статистика на Аврамовски по денешниот меч:
Графика: SofaScore за Топспорт.мк
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?