Спорт
„Конте-бол“ е лекот за тактиките на Пеп Гвардиола!
Тотенхем во саботата малку ја виде топката при 3:2 победата над шампионот Манчестер сити на „Етихад“, но тактиката на Пеп Гвардиола беше задушена од фантастичниот план за контра фудбал на Антонио Конте, објаснува порталот Goal.com во анализата на тактиката која може да им донесе крај на доминацијата на „граѓаните“.
Саутемптон покрај Тотенхем успеа да му откине поени на тимот на Гвардиола со едноставна тактика – опкружи го Родри за да спречиш Сити да гради акции во последната третина од теренот, но планот на Антонио Конте беше поинаков и некои може да научат од него.
ТЕСНА ТАКТИКА 5-4-1 ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
Кога Спарс ја немаше топката, стратегијата беше едноставна. Со формација 5-4-1, Конте беше задоволен да има 28 отсто од поседот на топката и да седи длабоко и тесно на својата половина за фрустрација на Сити. Сметајќи дека играта на Сити ќе биде забавена, поседот на топката далеку од пеналтикот не зачи многу. Покрај тоа, неговите играчи беа ретко пошироко од шестнаесетникот, со што немаше простор меѓу централиот бек и фул-бекот, каде што Гвардиола бара простор од своите играчи беа пополнети.
Имаше моменти, особено во првото полувреме, кога Сити беше опасен на левата страна, особено бидејќи таму беше само Родриго Бентанкур со пресинг, но и бидејќи Кулушевски и Емерсон Ројал се најслабите дефанзивци на тимот.
Проблемот на Сити беше ист како против Саутемптон – без централен напаѓач да истрча во шестнаеетикот немаше кој да ја добие топката. Кевин де Брујне стоеше од десната страна опкружен со дефанзивци на Спарс, а Фил Фоден беше безопасен во нападот.
КОНТРАНАПАДИТЕ СО ЦЕЛ РОДРИ
Дека Сити е најдобро да се нападне со контранапади за да се дојде зад високата задна линија, е добро познато, но малкумина успеваат во тоа бидејќи Сити игра пресинг кога ќе ја загубат топката и шансата бргу исчезнува.
Тотенхем, сепак, беше постојана закана поради прецизноста на движењата на три точки (кои, како што Хери Кејн призна, биле вежбани на тренинг). Затоа тие додаваа пред Сити да направи пресинг. Родри, како единствен во основата на средиот ред, Конте им порача на своите играчи да одат околу Шпанецот.
Кејн беше постојана цел за топките од своите соиграчи, а Кулушевски и Хеунг-Мин Сон трчаа одзади предизвикувајќи враќање назад на Сити, дестабилизација на формата на игра и шаси за Тотенхем. Ова беше повторувано во текот на целиот натпревар и Гвардиола немаше одговор.
КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОВТОРИ ОВА?
Иако тактиката е едноставна во теорија, малку тимови имаат дефанзивно тренирање како Конте и напаѓач како Кејн. Манчестер јунајтед со Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд и, секако, Кристијано Роналдо, може да го копира системот, но и Вулверхемптон со фантастичната одбрана и Раул Хименез и Даниел Поденс напред. Исто така, Вест хем, кој има напаѓачи што може да создадат проблеми, како Мајкл Антонио и Џерод Боуен, може да бидат цврст орев за Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…