Спорт
Корне: На Ролан Гарос имаше позитивни на КОВИД, никој не кажа ништо

Француската тенисерка, Ализе Корне во изненадувачка изјава тврди дека и на Ролан Гарос имало многу позитивни тенисери и тенисерки на КОВИД-19, но дека имало „договор“ да се молчи. Оваа изјава доаѓа откако Марин Чилиќ и Матео Беретини мораа да се повлечат од Вимблдон поради позитивни тестови.
„Сега, КОВИД повторно е тема. Има вакцини, а секогаш имало повреди и болести во тенисот. На Ролан Гарос, имаше епидемија на КОВИД-19 и никој не зборуваше за тоа. Во соблекувалната сите го имаа и никој не кажа ништо. Можеби сите имавме грип, но продоливме да играме. На Ролан Гарос сигурно имаше позитивни случаи, но така беше договорено. Видов девојки кои носеа маски бидејќи не сакаа да го прошират вирусот“, изјави Корне по побеата над Казахстанката Јулија Путинцева во првото коло на Вимблдон.
« Tout le monde a eu le Covid à Roland-Garros et on n'a rien dit » Alizé Cornet
D’évidence le pseudo vaccin ne sert à rien, ni tout le cinéma qui va avec. https://t.co/p7B2U3NjRg— Jade SPIRO (@adryjade134) June 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Резил на Манчестер јунајтед во западен Лондон

Кошмарот на Манчестер Јунајтед продолжи и на дуелот со Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ по првото полувреме, на гостувањето во западен Лондон имаат негатива од четири гола.
Избраниците на Ерик тен Хаг не знаат што ги снајде, а само чудо може да ги спаси од нов пораз, по воведниот против Брајтон (1:2).
Како ќе се одвива првото полувреме покажа 10.минута, кога Дасилва шутираше, а топката на му мина низ рацете на Де Хеа и заврши во мрежата.
Во 18. минута шпанскиот голман непотребно му ја додаде топката на Ериксен, кој беше во својот шеснаесетник со играчот на грб. Го загуби дуелот, а Јенсен набрзо ја удвои предноста на домашните.
Очајниот половина час на Јунајтед го „запечати“ Бен Ми во 30. минута, кога погоди по корнер.
Четвртиот гол Брентфорд го постигна во 35. минута, кога Мбеумо погоди по контранапад.
Спорт
Светски рекорд на Поповичи на 100 метри слободно

18-годишниот Романец Давид Поповичи, со светски рекорд го освои златниот медал на Европското првенство во Рим.
Поповичи го собори светскиот рекорд со брилијантни 46.86 секунди. За пет стотинки го подобри 13-годишниот најдобар планетарен резултат на Цезар Сијело Фиљо.
Втор беше олимпискиот шампион во 200 градно, Унгарецот Кристоф Милак со одлични 47.47, додека на најниското скалило на подиумот се искачи Италијанецот Алесандро Мирези кој на целта стигна со 47.63.
Спорт
Гулит до Тен Хaг: Заборави на холандскиот менталитет
Холандската фудбалска легенда и поранешен ас на Милан, Руд Гулит има неколку совети за менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
Поранешниот менаџер на Ајакс по завршувањето на минатата сезона го презеде великанот од „Олд Трафорд“. Негова цел е да го врати клубот на победничките патеки и во борбата за трофеи.
Тен Хаг нема да има лесна работа, што покажа и првиот меч на домашен терен кога Јунајтед загубија од Брајтон (1:2). Гулит има посебен совет за својот сонародник. Тој вели дека Тен Хаг мора да се откаже од некои работи ако сака да преживее во Премиер лигата.
„Ерик тен Хаг е добар тренер, но не смее да се потпре само на холандскиот менатлитет, во спротивно ќе му биде тешко. Мора да се прилагоди и да разбере дека само со играње фудбал не се победува. Потребна ви е и сила, техника. Вистински меналитет. Во средината играчи кои можат да ја играат топката, но и да му ја украдат на противникот. Ако го немате тоа и само мислите дека играте добро, ќе ви биде тешко. Видовте како Фулам играа против Ливерпул, затоа ја сакаме Премиер лигата. Нема лесни натпревари, тоа мора да го разберете, треба да работите напорно секој ден и да ги имате вистинските играчи“, јасен е Гулит.
Има чувство дека Тен Хаг „влета во циркусот на Манчестер Јунајтед“, во време кога има сериозни проблеми во клубот.
„Има многу проблеми во клубот. Играчите сакаат да одат во други тимови, во Ливерпул, Сити и Челзи. Тие повеќе не се главниот тим во Англија, како што беа под Алекс Фергусон. А проблемот на Тен Хејг е што има пет поранешни играчи кои секој ден зборуваат за Манчестер јунајтед во медиумите. Тешко е и единствениот начин да се надмине тоа е да се победи“, додаде славниот Холанѓанец.
Тој смета дека Јунајтед не требало лесно да се откажат од услугите на Жозе Мурињо.
Прерано го отпуштија Мурињо, тој освои трофејот со играчи кои не беа толку добри“, заклучи Холанѓанецот.