Спорт
Корона и во Ф1! Серхио Перез позитивен, нема да се трка во Силверстоун
Возачот на Рејсинг поинт, Мексиканецот Серхио Перез ќе го пропушти Британското ГП во Силверстоун овој викенд по позитивниот тест на КОВИД-19.
Перез не се појави на прес-конференцијата во четвртокот поради тоа што првиот тест даде неконклузивен резултат, по што остана во изолација пред вториот тест да се покаже како позитивен. Рејсинг поинт уште немаат потврдено кој ќе го замени во болидот, но планот е да имаат два болиди на стартот на трката.
„Со помош на локалните организатори во Силверстоун и здравствените власти, сите кои беа во контакт со Чеко се поставени во карантин. Процедурите на ФИА и Формула 1 ни дозволуваат брза реакција без да се влијае на целиот викенд“, се вели во соопштението на Рејсинг поинт.
Најлогична замена за него ќе биде еден од резервните возачи на Мерцедес, Штофел Фандорне и Естебан Гутиерез, кои се достапни преку договорот на Рејсинг поинт за снабдување со мотори од германскиот производител. Фандорне последен пат се тркаше во Ф1 во 2018 за Мекларен, додека Гутиерез си замина од Хас во 2016 година.
UPDATE: @SChecoPerez to miss #BritishGP weekend ⬇️https://t.co/mhOydna6ob #F1
— BWT Racing Point F1 Team (@RacingPointF1) July 30, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руд го декласира Алкараз на Мастерсот во Торино
Во првиот меч од групата Б на завршниот Мастерс во Торино, Каспер Руд го совлада Карлос Алкараз. Во вториот меч од 20:30 часот се среќаваат Александар Зверев и Андреј Рубљов.
Руд славеше во два сета (6;1, 7:5), за нешто помалку од 90 минути игра.
Откако спаси две брејк топки во првиот гем, Руд одигра брилијантен прв сет.
Во четвртиот гем успеа да направи брејк, а потоа спаси три брејк топки за да ја потврди таа предност. И не застана тука. Додаде уште еден брејк, поведе со 5:1 и со својот сервис ја заврши работата во првиот дел од мечот.
Алкараз прв стигна до брејк во вториот сет, но Норвежанецот возврати во седмиот. Шпанецот сервираше при 5:4 за изедначување, но тука повотрно влезе во „црна дупка“, Руди освои три гема по ред и ја прослави победата.
Спорт
(Видео) Поранешниот претседател на Анкарагучу осуден на затворска казна
Поранешниот претседател на фудбалски клуб Анкарагучу, Фарку Коч, доби затворска казна од три години и седум години, поради физички напад врз судијата Халил Умут Мелер.
Инцидентото се случи во декември минатата година по завршувањето на натпреварот со Ризеспор.
Коч најпрвин негираше дека го нокаутирал судијата.
„Шлаканицата што му ја удрив не можеше да предизвика скршеници. По шлаканицата, судијата стоеше пет или 10 секунди, а потоа се фрли на земја. Веднаш ме одведоа оттаму, бидејќи имам проблеми со срцето, па не знам што ќе се случеше понатаму“.
Сепак, видео снимките го демантираа, тој го нокаутира Мелер, кој потоа беше удрен и од двајца други мажи. Судијата изјавил и дека Коч му се заканувал.
„Ќе те завршам. Ќе те убијам“, наводно викал Коца.
Новинската агенција Анадолу објави дека Коча денеска е осуден на три години и седум месеци затвор.
MKE Ankaragücü Kulübü Başkanı Faruk Koca, Çaykur Rizespor maçından sonra hakem Halil Umut Meler'e sahanın içinde yumruk attı.
Hakem Umut Meler yere düştüğünde Koca’nın yanındaki kişiler bu sefer tekme ile vurmaya devam ettiler.
Halil Umut Meler’e yapılan saldırı kabul… pic.twitter.com/Xg72LoAKwt
— Murat AĞIREL (@muratagirel) December 11, 2023
Спорт
Нкунку сака да го напушти Челси, ситуацијата ја следат Јунајтед и ПСЖ
Напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку ги разгледува опциите да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок.
Французинот е во втор план кај Енцо Мареска, нема доволно минутажа, освен во Конференциската лига за која никој не е заинтересиран.
Интересно е тоа што Енкунку е најдобар стрелец на Челзи во сите натпреварувања, во досегашниот тек од сезоната има постигнато 10 гола, но повеќето од нив во квалификациите, а потоа и во Конференциската лига (6), два во Лига купот и само еден во Премиер лигата. .
Се споменува дури и можност да биде купен од Манчестер јунајтед, а ситуацијата внимателно ја следат и во ПСЖ, клуб со кого и претходно беше поврзуван. Се очекува ПСЖ во јануари да го напушти 90 милиони евра платениот Рандал Коло Муани.
Челзи за Нкунку издвои 60 милиони евра, но тешката повреда го спречи да се наметне.
Нкунку има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.