Спорт
Крауч објави албум – микс од навивачки песни и класична музика
Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч и познатиот оперски пејач Пол Потс објавија божиќно навивачки музички албум. Албумот претставува микс од навивачки песни и класична музика. Крауч не пее, тој е диригент.
На албумот има осум песни, а целиот концепт го смислил самиот Крауч. Тоа е и негово деби како продуцент.
„Отсекогаш сонував да издадам албум. Периодот е одличен, пред СП и пред Божиќ. Ги зедовме најдобрите навивачки песни и додадовме празнична и класична музика“, рече Крауч.
Целата акција има и хуманитарен карактер бидејќи целата заработка од нејзината продажба е наменета за фондот Стоунвол, кој е формиран за борба против угнетувањето на ЛГБТ+ популацијата во Катар и во светот.
Заедно со Крауч и Пол Потс, на албумот гостуваат бројни познати изведувачи на класична музика. Тука е сопранистката Оливија Сеиг, а водечки тенор е првенецот на англиската национална опера, Робин Бејли.
На албумот се наоѓа и една од омилените песни на англиските фанови, Super Jack Grealish, тука е и England till I Die и популарната божиќна песна 12 days of Christmas, но на тема Светско првенство. Има и обработки на песни за Герет Саутгејт, Хари Кејн, Деклан Рајс и Џуд Билингем.
Албумот можете да го најдете на платформите iTunes и Spotify.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.