Спорт
Критики за Нелсон Пике откако го нарече Хамилтон „црнче“
Трикратниот Ф1 шампион, Бразилецот Нелсон Пике беше осуден од Формула 1 шампионатот и од повеќе сегашни и поранешни возачи, откако го именуваше седумкратниот шампион Луис Хамилтон како „мало црнче“ во интервју од ноември, кое неочекувано стана главна тема пред Британското ГП.
Пике, чија ќерка Кели е во врска со лутиот ривал на Хамилтон, Макс Ферстапен во Ред бул, во интервјуто зборува за контроверното Британско ГП, кога Хамилтон го истурка Ферстапен од патеката во експлозивниот прв круг. Во Ред бул беа бесни што Хамилтон помина со лесна казна и во интервјуто, Пике го именува возачот на Мерцедес како „neguinho“, или мало црнче, термин кој во минатото во Бразил ја немал расистичка конотација.
„Црнчето го постави болидот на погрешен начин и не дозволи другите да свртат. Црнчето влезе лошо на кривината, која е многу опасна и нема шанса да поминат два болиди. Му направи лошо на Ферстапен. Негова среќа што другиот излета“, вели Пике во интервјуто.
Nelson Piquet usa termo racista ao comentar acidente de Hamilton com Verstappen; assista https://t.co/VS7hNBCyYU -via @EstadaoEsporte pic.twitter.com/qfPuSnc9mb
— Estadão ?️ (@Estadao) June 27, 2022
Откако Ф1 шампионатот јавно го осуди јазикот кој се користи, а Хамилтон побара „акција“ бидејќи е дојдено време.
„Се работи за повеќе од обичен јазик. Овие архаични менталитети мора да се сменат и нема место за нив во нашиот спорт. Опкружен сум со ваков однос и мета сум цел живот. Имаше доста време за учење. Сега е време за акции“, напиша Хамилтон на Твитер.
Интересно, минатиот месец, Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил со одлука на бразилскиот парламент, откако цела кариера признаваше дека Аиртон Сена е неговиот најголем Ф1 идол.
It’s more than language. These archaic mindsets need to change and have no place in our sport. I’ve been surrounded by these attitudes and targeted my whole life. There has been plenty of time to learn. Time has come for action.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) June 28, 2022
Vamos focar em mudar a mentalidade
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) June 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Невозможно е да се добие пенал серија против Емилијано Матинез
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез можеби не е најдобар пример за новата генерација, но неговите голмански квалитети не можат да се оспорат.
Мартинез е „доктор за пенали“, а тоа уште еднаш го докажа во Лил, каде беше најзаслужен што неговата Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
Мартинез беше пречекан од непријателска публика во Франција по се што се случи на Мундијалот во Катар, кога Аргентина во финалето на пенали ја победи Франција.
Натпреварот Лил-Астон Вила заврши со резултат 2:1, идентична понеда англискиот тим забележа на домапен терен, па откако и по дополнителните 30 минути немаше промена во резултатот, победникот го решија пеналите.
Мартинез тука повторно блескаше, ги одбрани пеналите на Бенталеб и Андре и го однесе својот тим понатаму во борбата за европскиот трофеј.
Тоа беше негова петта последовна пенал серија од која излезе како победник.
Мартинез во пенал рулетот:
Комјунити Шилд 2020 против Ливерпул ✅
Полуфинале на Копа Америка 2021 против Колумбија ✅
Четвртфинале на СП 2022 против Холандија ✅
Финале на Светското првенство 2022 против Франција ✅
Четвртфинале на Конференциската лига 2024 против Лил ✅
Спорт
Араухо нема коментар за критиките од Гундоган
Тензично е во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ славеше во реваншот во Барселона со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во елитното натпреварување. и покрај тоа што победи со 3:2 во Париз, а потоа поведе со 1:0 на домашен терен.
Клучниот момент во реваншот се случи во 29. минута кога Роналд Араухо доби црвен картон. Како последен играч во одбраната, направи фал врз Баркола.
Илкај Гундоган, еден од најискусните играчи на Барселона, по натпреварот го критикуваше Араухо.
„Во клучните моменти од играта, мора да бидете сигурни кога стартувате на топката. Јас би оставил ситуација еден на еден, би му дал шанса на голманот да спаси, или да примиме гол“, рече тој. .
Араухо одби да му одговори на Гундоган, беше краток во својот коментар.
„Претпочитам да ги задржам за себе она што го мислам за тој коментар. Имам одредени вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“.
Освен што коментарот на Гундоган не му се допадна на Араухо, во негова одбрана застанаа и францускиот дефанзивец Жил Кунде и капитенот Серхи Роберто кои на социјалните мрежи порачаа дека „секогаш победуваат и губат како тим“.
Спорт
(Видео) Цолакис одбрани три пенали – Олимпијакос го елиминира Фенербахче
Познати се сите полуфиналисти во Конференциската лига. На Фиорентина, Астон Вила и Клуб Бриж им се приклучи Олимпијакос. Грците, по голема драма, успеаја да го минат Фенербахче по избедувањето пенали и за прв пат во својата историја да се пласираа во полуфинале во натпреварување одрганизирано од УЕФА.
Олимпијакос допатува на ревашот во Истанбул, против Фенербахче со предност од 3:2. Таа предност Фенер ја анулираше по само 11 минути игра, кога Кавечи погоди за 1:0.
Сепак до крајот на натпреварот немаше голови.
На крајот пенал серијата донсе невидена драма, од која како херој излезе голманот на Олимпијакос Цолакиз.
Цолакис ги одбрани ударите на Тадиќ, Ченгиз Ундер и Бонучи. Ел Араби не реализираше за Олимпијакос, исто како и Родинеи во последната серија, неговата топка по одбраната на Ливаковиќ удри во гредата и падна на гол линијата.
Олимпијакос во полуфиналето ќе игра против Астон Вила.