Спорт
Крос: Никогаш не би постапил како Модриќ
Тони Крос (34) во финишот на минатата сезона го шокира фудбалскиот свет со објавата дека по Европското првенство ќе ја заврши кариерата. Во објавата потенцираше дека секогаш сакал да се повлече додека е на врвот.
На забелешката дека Модриќ, кој е четири години постар од него, решил да продолжи да игра, Крос за „Ел ларгуеро“ изјави:
„Јас и Лука имаме различни мислења. Отсекогаш сакав да заминам додека сум на врвот, со моето тело во одлична состојба затоа што се надевам дека ќе живеам долго по пензионирањето“.
„Лука сака да игра до крај. Јас никогаш не би го направил тоа. Освен тоа, Модриќ прифати нова улога, во која помалку игра. Јас тоа не би го направил, но тој гледа поинаку на работите“.
Крос го спореди Модриќ со Роналдо: „Кристијано и Лука се зависници од успехот. Тоа не запира. 95 отсто од фудбалерите за повлекуваат додека се на врвот, тие го направија спротивното. Тие избраа да уживаат во фудбалот уште малку, што е исто така добро, добро е што тие се задоволни“.
Крос ги откри со што ќе се занимава по завршувањето на кариерата: „Имам неколку проекти. Во септември отворам академија во Мадрид. Уживам да им помагам на децата да ги остварат своите соништа. Уживам кога работам со деца. Покрај тоа, ќе оформам натпреварување слично на „Кралската лига“ во Германија. Мојот план за пензија е да поминувам повеќе време дома со моите деца“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тројца косовски фудбалери исфрлени од репрезентацијата
Репрезентацијата на Косово, пред два дена во еден тензичен меч загуби во Приштина од Романија (0:3), во Лигата на нации. Ден по натпреварот, селекторот на Косово избркал тројца играчи. Косово утре, во второто коло гостува на Кипар.
Поради нарушување на дисциплината, селекторот на репрезентацијата Франко Фода ги исфрли од тимот голманот Аријанет Муриќи, и играчите Едон Жегрова и Флорен Муслија.
Првите двајца беа стартери на мечот со Романија, додека Муслија тој меч го започна од клупата за резерви, влезе во игра во 66. минута.
Според медиумите, причина за ваквата одлука на селекторот и Фудбалската федерација е што тројцата споменати играчи по мечот со Романија биле снимени во еден ноќен клуб во Приштина.
Спорт
Се разделија Репсол и Хонда
Во неделата официјално беше објавено дека Репсол, една од водечките светски компании во секторот за нафта и гас, повеќе нема да соработува со тимот на Хонда во Мото ГП шампионатот. Партнерството меѓу Репсол и Хонда траеше речиси три децении. .
Репсол и Хонда станаа партнери во 1995 година и ја освоија титулата во првата класа веќе во премиерната калса.
Тие заедно успеаја да освојат дури 15 титули, уште десет во екипна конкуренција.
Нивниот рекорд е 183 победи и дури 455 подиуми.
Последната титула, Репсол Хонда ја освои во 2019 година со Марк Маркез.
Пред него шампиони беа Кејси Стонер, Валентино Роси, Мик Дуан, Ники Хејден…
Спорт
Мареј од Денвер доби 206 милиони долари
Американскиот професионален НБА кошаркарски тим Денвер Нагетс го продолжи договорот со својот дефанзивец Џамал Мареј (27) на уште четири години и за максимални 208 милиони долари. Минатата сезона Мареј имаше просек од 21,2 поени по натпревар со 6,5 асистенции и 42,5 отсто шут за три поени, што се негови најдобри просеци во досегашната кариера.
Мареј ја помина целата своја професионална кариера во Нагетс, кои го избраа како седми пик на драфтот во 2016 година. 26,1 поен со 7,1 асистенции и 5,7 скока.