Спорт
Крсте Велкоски отстранет од тимот на Сараево: се скарал со тренерот Васоски!

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски, кој долг период беше и капитен на Сараево, е отстранет од првиот тим на босанскиот клуб. ФК Сараево излезе со официјално соопштение во кое ги објасни причините за ваквата одлука на управата.
Македонскиот фудбалер, како што велат, покажал непочитување кон тренерот Александар Васоски и соиграчите на полувремето од последниот натпревар против Борац (0-1). Тој реагирал недолично кога дознал дека Васоски ќе го остави во соблекувалната по одиграното лошо прво полувреме.
„Раководството на ФК Сараево ги известува навивачите и целата јавност дека против Крсто Велкоски е поведена дисциплинска постапка за кршење на клупската дисциплина. На почетокот на оваа сезона фудбалерот беше вербално опоменет поради недисциплина и нарушување на атмосферата во тимот, а клубот реши и официјално да поведе постапка против него по натпреварот против Борац.
Велкоски на полувремето од натпреварот во Бања Лука реагира недолично и изрази непочитување кон тренерот и соиграчите кога дозна дека тренерот решил да направи промена и да го остави во соблекувалната. Овој гест не е соодветен за ниту еден фудбалер на ФК Сараево, а особено за капитен што треба да биде пример за другите играчи.
Напаѓачот е отстранет од тренажниот процес на првиот тим на „Тренинг центарот Сараево“ во Бутмир, тој има обврска да тренира индивидуално и нема да биде во конкуренција за натпревари до дополнително известување.
Сезонава Велкоски забележа вкупно 24 настапи во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна во полуфиналето на Купот на БиХ против Игман“, се наведува во соопштението на ФК Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

„Кралот“ на Ролан Гарос, 13-кратниот шампион Рафаел Надал се пласираше во третото коло на францускиот гренд слем, откако во вечерната сесија во Париз со 6:3/6:1/6:4 за два часа и 12 минути го совлада домашниот тенисер, Корентин Муте.
Надал, кој оваа сезона не освои ниту еден турнир на неговата омилена подлога, се мачеше со повреди на стапалото и на грбот во текот на пролетната сезона, но тоа не го мачеше во дуелот против Муте, остварувајќи рутинска победа, во која проблем беше само последниот сет, кога во финишот Муте направи брејк.
Следен за Шпанецот е Холанѓанецот Ботик ван Цандшлуп, светскиот број 29., кој влезе во третото коло откако Фабио Фоњини се повлече при 6:4/7:6(2)/3:2 водство на противникот.
Спорт
Рома и Мурињо кренаа европска титула – во Тирана „падна“ Феенорд

Жозе Мурињо стигна до својата петта европска титула, откако неговите Рома стигнаа до 1:0 победа над Феенорд во финалето на новата Конференциска лига на Европа, обезбедувајќи прв трофеј во витрините на „волчицата“ од тој од Копа Италија во 2008 година.
Мурињо со ова дефинтивно ги оправда очекувањата на страствените навивачи на клубот од италијанската престолнина, и покажа дека е „експерт“ за европските купови. По титулите од Лигата на шампионите со Порто (2004) и Интер (2010), УЕФА купот со Порто (2002) и Лига Европа со Манчестер јунајтед (2017), ова е уште едно големо достигнување на „Специјалниот“.
Херој на „волчицата“ беше Николо Заниоло, кој во 32. минута од мечот по одличната асистенција на Џанлука Манчини успеа да постигне убав гол. По ова, Феенорд може да жали што на почетокот на второто полувреме не успеа да израмни, за што е најзаслужен Руи Патрисио на голот на Рома, кој имаше две одлични одбрани.
Ова е прв европски успех на Рома во 94-годишната историја на клубот, додека Феенорд не успеаја да стигнат до четврти европски трофеј по титулите во ЛШ (1970) и УЕФА купот (1974, 2002).
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Спорт
Фантастична победа над БиХ на стартот на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација имаше совршен старт на новата сезона во Европската сребрена лига, откако со доминантна игра стигнаа до 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) победа на Босна и Херцеговина.
Во првиот сет, гостите успеваа да останат во игра до 11:8, пред со две добри серии да се обезбеди сетот со 25:16. Одличниот старт продолжи и во вториот сет, каде што македонските одбојкари поведоа со 7:1, па со 18:12, контролирајќи ја играта. Само во последниот сет беше ирамнето, откако гостите има водство од 9:10, пред во неизвесен финиш да се обезбеди победата.
Претходно, вчера, во првиот меч од нашата група Б, Романија со 3:1 ја совлада Албанија. Следниот меч за македонските одбојкари е во сабота на гости токму кај Романија.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк